1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годините на бум во Турција завршија

Сенада Соколу / Е.М. Фиданоска16 јануари 2015

Турскиот премиер Ердоган сакаше Турција до 2023. да се најде меѓу 10-те најсилни економски нации во светот. Но бумот е завршен, а старите проблеми повторно испливуваат на површина. Многу млади не гледаат перспектива дома

Фотографија: picture-alliance/Ton Koene

Мехмет како и секоја вечер се враќа дома исфрустриран. Тој има 25 години и се‘ уште живее кај родителите. На своето работно место во центарот за телефонирање заработува само 500 евра месечно, што ни оддалеку не е доволно за самостоен живот. Затоа навечер со часови седи пред компјутерот и бара нова работа. Најрадо би заминал во странство. Тој вели: „Во мојата околина никој не го чувствува економскиот бум. Постојано се зборува за тоа дека на стопанството му оди добро, но луѓето како мене тоа не го чувствуваат.“

Мехмет не е единствен со таква судбина. Една третина од речиси 12 милиони Турци под 24-годишна возраст се невработени, вели статистиката. Тоа е уште една индиција за намалувањето на порастот.

Обвинувањата против турската влада за корупција го фрлаат економскиот бум од последните години се‘ повеќе во сенка. Неправилности и политички тензии како оваа се дел од причините поради кои младите Турци како Мехмет ја напуштаат Турција.

Зошто младите се отселуваат и како на проблемите гледаат бизнисмените, погледнете од видеото.

Годините на бум во Турција завршија

02:48

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми