1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишнина од смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски

25 февруари 2005

Утре се навршува точно една година од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски. Трајковски заедно со осуммина негови соработници загина во авионаска несреќа во Босна и Херцеговина, на пат на конференција во Мостар.

Остана запаметен како промотор на мирот: Борис Трајковски
Остана запаметен како промотор на мирот: Борис ТрајковскиФотографија: AP

Париз, Мостар и Скопје три дена се во знакот на почит кон поранешниот македонски претседател.

На годишнината од неговото трагично загинување, македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во Мостар, во чија близина се случи несреќата, ќе истакне дека загубата на Трајковски остави голема трага во политичкиот живот на Македонија, бидејќи тој го трасираше патот на Македонија кон Еу и НАТО и ја има заслугата за тоа што Македонија го има ореолот на лидер за политичка меѓународна соработка. Во чест на загинатиот македонски претседател и неговите осуммина сораборници, на местото на несреќата во близина на селото Ротмиѓе, ќе биде откиено спомен обележје, а освен македонската официјална делегација, на одбележувањето на годишнината ќе присуствуваат и членови на семејствата на загинатите, претставнивници на државните и градските власти и членови на дипломатскиот кор во Босна и Херцеговина.

Централното одбележување на годинината од смртта на претседателот Борис Трајковски ќе се одржи утре на градските гробишта Бутел во Скопје, каде што ќе биде откриена биста, а обраќање ќе има македонскиот премиер Владо Бучковски.

Со едноминутно молчење во знак на почит кон поранешниот мкаедонски претседател, вчера во Париз почна церемонијата за врачување на наградата ,, Уметник на мирот на УНЕСКО, на македонскиот оперски пејач со светско реноме Боирис Трајанов, на која присуствуваа и македонскиот министер за култура Благој Стефановски и Вилма Трајковска, сопругата за загинатиот шеф на државата. Баритонот Трајанов, примајќи ја престижната награда која досега ја имаат добиено само 54 уметници од 192 земји на УНЕСКО, нагласи дека Борис Трајковски во голема мера придонел за тој да го добие признанието. Во седиштето на УНЕСКО во Париз вчера беше промовиран и компакт диск во спомен на трагично загинатиот македонски претседател.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми