Протести, оставка, предвремени избори: во страшната експлозија во Бејрут не само што загинаа и беа повредени луѓе, туку таа многумина ги остави и без покрив над глава. Либан го втурна во уште подлабока политичка криза.
Реклама
Во либанскиот главен град Бејрут во вторникот (04.07.2020) во страшна експлозија загинаа повеќе од 150 лица, а повредени беа повеќе од шест илјади. Многу објекти се уништени, една десетина од градот со 2,3 милиони жители останаа без покрив над глава. Либанската влада по првичните проценки смета дека материјалната штета се движи од три до пет милијарди американски долари. Други проценки се движат од десет до 15 милијарди.
Точната причина за експлозијата сѐ уште е непозната. Иако претседателот смета дека е можно да се работи за напад, поверојатно е дека се работи за несреќен случај.
Сигурно е дека детонираа околу 2750 тони високоексплозивен амониум нитрат кој се чувал во пристаништето. Материјата се користи за производство на ѓубриво и експлозив. Амониум нитратот веќе шест години бил складиран на пристаништето без специфични безбедносни мерки. Министерот за надворешни работи на Либан, Шарбил Вихби, во четвртокот изјави: „Прелиминарните извештаи укажуваат на тоа дека причината е погрешно ракување со експлозивни материи. Тешка небрежност која трае веќе шест години”.
Владата веќе долго време знаела за опасноста и со тоа барем индиректно сноси вина за случувањето. Како реакција на тоа во Либан се разгореа протести.
Страотната експлозија во Бејрут од повеќе агли
00:25
Протести: мирољубиви или насилни?
Од петокот илјадници лица во Бејрут се излезени на протести против владата. „Одмазда до падот на режимот”, скандираат демонстрантите. Некои од нив мавтаа со јажиња, а во центарот беше поставена бесилка. Повиците во социјалните медиуми се проследени со хаштагот „бесете ги”.
На протестите во саботата лутите демонстранти фрлаа со камења и се обидуваа да ги пробијат кордоните. Полицијата употреби солзавец. Еден период демонстрантите под своја контрола го имаа Министерството за енергетика и трговија, како и Министерството за надворешни работи кое го декларираа за „главно упориште на револуцијата”. Тие влегоа и го запалија седиштето на Банкарското здружение на Либан.
Армијата подоцна успеа да ги ослободи објектите. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата според податоци на либанскиот Црвен крст биле повредени повеќе од 230 лица. Еден полицаец загина.
Ранетиот град: Бејрут во вонредна состојба
Според последните информации бројот на загинати во страотната експлозија во Бејрут се искачи на 137 а повредени се околу 5000 луѓе. Во Либан е прогласена тридневна национална жалост за жртвите во главниот град.
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/B. Jawich
Срамнето со земја
Делови од Бејрут се срамнети со земја по силната експлозија. Властите соопштија дека најмалку 300 илјади луѓе останаа без своите домови. Кон градот веќе се упатија спасувачки тимови од многу земји а пристигнува и помош од разни страни на светот. Потрагата по жртвите и причините за катастрофата продолжува.
Фотографија: Reuters/A. Taher
Паника во Бејрут
Страотната експлозија која ги потресе Бејрут и предградијата на либанската престолнина, предизвика паника кај жителите. „Никогаш во животот не сум видел волку голема катастрофа“, изјави гувернерот на Бејрут за локалната телевизија.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
Експлозијата почувствувана и во предградијата
Експлозијата која се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, беше почувствувана низ целиот главен град. Дури и жителите на предградијата пријавија дека ја слушнале експлозијата, а некои сведочеа дека и прозорците им се разнишале.
Фотографија: Reuters/K. Sokhn
Десетици згинати, илјадници повредени
Министерството за здравство во Либан соопшти дека досега најмалку 100 луѓе загинале, а повеќе од 4.000 се повредени.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
„Неприфатливо“ складирање на амониум нитрат
Премиерот Хасан Диаб изјави дека големи залихи од 2.750 метрички тони амониум нитрат во магацин на пристаништето ја предизвикале силната експлозија. „Неприфатливо е дека пратка од 2.750 тони амониум нитрат е присутна веќе шест години во магацин, без да се преземат превентивни мерки“, рече Диаб.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Трка за спас на преживеаните
Повеќе од 30 екипи на Црвениот крст учествуваат во спасувачките напори, а многу помагаат и многу жители на Бејрут. Болниците алармираа дека брзо ги надминале капацитетите - и апелираа на крводарителство, како и за генератори за да помогнат во обезбедувањето на електрична енергија.
Фотографија: picture-alliance/AA/H. Shbaro
Експлозијата почувствувана дури и на Кипар
Експлозијата во Бејрут предизвикала и силен потрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти германскиот центар за геолошки науки ГФЗ. Жителите на средоземоморскиот остров Кипар, на околу 110 километри оддалеченост од Бејрут, сведочеа дека ја слушнале и ја почувствувале експлозијата.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Во потрага по роднините, пријателите...
Бројни жители на Бејрут веднаш по експлозијата истрчаа на улица во потрага по своите роднини и пријатели... Дописникот на ДВ, Басел Ариди посети болница во Бејрут по експлозијата. „Она што го видов во болницата беше многу драматично. Сите болници најавија дека се тотално преоптоварени“.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/H. Ammar
Двенеделна вонредна состојба
Либанските власти стравуваат дека многу повеќе луѓе се затрупани под урнатините. Претседателот Мишел Аун закажа итен состанок на кабинетот и порача дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Либан се соочува со двоен удар
Уништувачката експлозија се случи во период кога Либан доживува сериозни економски турбуленции, при што многу луѓе излегоа на улиците во последните месеци за да протестираат поради катастрофалната финансиска состојба. Во Либена е прогласена тридневна национала жалост за жртвите од експлозијата.
Фотографија: Getty Images/D. Carde
10 фотографии1 | 10
Општа состојба: повеќе од експлозии?
Разорните експлозии се само последната капка која ја прели чашата и причина за протестите против владата. Либан со години е заглавен во тешка економска криза. Една третина од населението е без работа. Покрај тоа грижата за 1,5 милиони сириски бегалци е само дополнителен товар за економијата на оваа шест милионска држава.
Многу години наназад меѓу населението расте фрустрацијата и гневот кон владата. Во октомври 2019 година се проширија протести низ цела држава кои беа организирани од луѓе од различни класи и религии. Имаа заедничко барање – оставка на владата.
Демонстрантите им префрлаат на владините министри, без разлика од кој политички или религиозен спектар се, дека се грижат само за личниот интерес и не прават ништо за народот и земјата. Владата важи за корумпирана и некомпетентна. Народот во земјата на Средоземното Море која се граничи со Сирија и Израел посакува подобри услови за живот и веќе подолго време бара нови избори.
„Го повикуваме целиот измачен либански народ да излезе на улица и да побара прогон на корумпираните,“ повика поранешниот офицер Сами Раман преку мегафонот пред скалите на опколеното Министерство за надворешни работи. Протестите не се насочени против одредени личности туку против „систем кој ја уништи земјата.“ Во експлозиите демонстрантите гледаат потврда за неспособноста на владата која и покрај тоја што била свесна за опасната складирана материја со години не презела ништо.
Низ фотографии: Бејрут по експлозијата- урнатини, хаос, спасувачки напори
Во Либан денеска е ден на национална жалост по катастрофалната експлозија во главниот град во која досега загинаа 100 лица а повредени се илјадници. Болниците во градот брзо се преполнија и апелираа за донирање крв.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
Паника во Бејрут
Страотната експлозија која ги потресе Бејрут и предградијата на либанската престолнина, предизвика паника кај жителите. „Никогаш во животот не сум видел волку голема катастрофа“, изјави гувернерот на Бејрут за локалната телевизија.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
Експлозијата почувствувана и во предградијата
Експлозијата која се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, беше почувствувана низ целиот главен град. Дури и жителите на предградијата пријавија дека ја слушнале експлозијата, а некои сведочеа дека и прозорците им се разнишале.
Фотографија: Reuters/K. Sokhn
Десетици згинати, илјадници повредени
Министерството за здравство во Либан соопшти дека досега најмалку 100 луѓе загинале, а повеќе од 4.000 се повредени.
Фотографија: Reuters/M. Azakir
„Неприфатливо“ складирање на амониум нитрат
Премиерот Хасан Диаб изјави дека големи залихи од 2.750 метрички тони амониум нитрат во магацин на пристаништето ја предизвикале силната експлозија. „Неприфатливо е дека пратка од 2.750 тони амониум нитрат е присутна веќе шест години во магацин, без да се преземат превентивни мерки“, рече Диаб.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Трка за спас на преживеаните
Повеќе од 30 екипи на Црвениот крст учествуваат во спасувачките напори, а многу помагаат и многу жители на Бејрут. Болниците алармираа дека брзо ги надминале капацитетите - и апелираа на крводарителство, како и за генератори за да помогнат во обезбедувањето на електрична енергија.
Фотографија: picture-alliance/AA/H. Shbaro
Експлозијата почувствувана дури и на Кипар
Експлозијата во Бејрут предизвикала и силен потрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти германскиот центар за геолошки науки ГФЗ. Жителите на средоземоморскиот остров Кипар, на околу 110 километри оддалеченост од Бејрут, сведочеа дека ја слушнале и ја почувствувале експлозијата.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Во потрага по роднините, пријателите...
Бројни жители на Бејрут веднаш по експлозијата истрчаа на улица во потрага по своите роднини и пријатели... Дописникот на ДВ, Басел Ариди посети болница во Бејрут по експлозијата. „Она што го видов во болницата беше многу драматично. Сите болници најавија дека се тотално преоптоварени“.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/H. Ammar
Двенеделна вонредна состојба
Либанските власти стравуваат дека многу повеќе луѓе се затрупани под урнатините. Претседателот Мишел Аун закажа итен состанок на кабинетот и порача дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба.
Фотографија: Getty Images/AFP/STR
Либан се соочува со двоен удар
Уништувачката експлозија се случи во период кога Либан доживува сериозни економски турбуленции, при што многу луѓе излегоа на улиците во последните месеци за да протестираат поради катастрофалната финансиска состојба. Денеска во Либена е прогласен национален ден на жалост за жртвите од експлозијата.
Фотографија: Getty Images/D. Carde
9 фотографии1 | 9
Влада: Нови избори?
Вечерта по протестите во саботата, премиерот Хасан Диаб во телевизиско обраќање изјави дека кризата може да се надмине само преку нови избори и тој ќе му предложи на својот кабинет распишување на предвремени избори.
Но оваа најава не ги смири луѓето. Тие бараат оставка на целата политичка елита. Петмина парламентарци веќе си дадоа оставки наведувајќи го како причина катастрофалниот пристап на владата во справувањето со катастрофата. Министерката за информации Манал Абдел Самад како прв член од владиниот кабинет кој по експлозиите во неделата најави оставка. Како причина ја наведе експлозијата и последиците од неа: „Им се извинувам на сите Либанци. Не ги исполнивме вашите очекувања,“ изјави таа во обраќањето кое беше пренесувано на телевизија.
И министерот за животна средина во неделата вечер најави заминување од владиниот кабинет. „Со оглед на огромната катастрофа решив да дадам оставка,“ соопшти Демианос Катар. Владата потфрли во редица реформи.
Еден ден по експлозиите, и министерот за надворешни работи Насиф Хити најави оставка. Како причина го наведе, според него слабиот перформанс на влада, која не успеа да ја извлече земјата од тешката економска и политичка криза. Наследник му е Шарбил Винби, досегашниот дипломатски советник на либанскиот претседател Мишел Аун.
Помош: кога и од кого?
Во неделата попладне се оддржа донаторска конференција за помош за Либан. Видеоконференцијата на која имаше претставници на околу 30 држави и организации беше иницираната од Обединетите нации и Франција. Непосредно пред конференцијата, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас најави итен пакет помош од десет милиони евра. „На луѓето во Бејрут им е потребна нашата помош, им треба причина за надеж,“ изјави тој за весникот Билд ам Зонтаг. Германскиот Црвен Крст уште во саботата испрати во Бејрут авион со 43 тони хуманитарна помош во вредност од 1.5 милиони евра. Меѓу другото испратени се сетови за прва помош, ќебиња, алати, кујнски прибор и средства за хигиена. Франција формираше воздушен мост преку кој во земјата треба да се испорача хуманитарна помош и екипи. Дополнително кон Либан испрати и два брода, меѓу кои еден воен, кои исто така носат храна и хуманитарна помош. ЕУ веднаш по експлозијата стави на располагање 33 милиони евра помош за Либан, а во најави дополнителни 30 милиони евра.