1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големо финале на европските избори

ЕМФ/дв25 мај 2014

За 751 место во Европскиот парламент одлучуваат околу 400 милиони граѓани на ЕУ. Најголемиот дел од нив гласаат денеска (25.05). Меѓу нив се и Германците.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Германија и 20 други земји на ЕУ денеска се избираат европски пратеници. Германија во ЕП испраќа најголем број парламентарци - 96. Право на глас во Германија имаат околу 64,4 милиони граѓани - 61,4 милиони Германци и речиси 3 милиони граѓани од други земји на ЕУ.

Во седум земји на Унијата изборите веќе поминаа - во Велика Британија, Холандија, Ирска, Летонија, Чешка, Словачка и во најмалата земја на ЕУ - Малта. Во овие земји се гласаше од четвртокот (22.05) до вчера.

Првичните прогнози оставаат простор за стравување дека одзивот на изборите овојпат можеби ќе биде уште понизок од претходните избори пред пет години. Во 2009 година, во ЕУ гласаа само 43% од граѓаните со право на глас. Претседателот на Изборната комисија во Летонија по затворањето на избирачките места вчера процени дека одзивот бил околу 30%. Во Чешка веќе почнаа да се бараат причините за нискиот одзив. Речиси половина од Чесите сметаат дека европските избори не се потребни затоа што не се менува ништо, покажа една анкета направена по налог на чешката телевизија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Иако некои прогнози за излезноста на изборите веќе се обелоденуваат, сепак официјалните резултати смеат да се објавуваат дури по затворањето на последните избирачки места во 23 часот во Италија.

Со нетрпение се очекува резултатот на десноекстремните, популистичките и евроскептичните партии во ЕУ. Додека во Холандија Партијата на слободата на евроскептичарот Герт Вилдерс најверојатно ќе добие шлаканица од избирачите, во Велика Британија се зборува за голем пораст на бројот на гласови на контото на партијата која е против ЕУ - УКИП.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми