Голем број жртви при уривање на хеликоптер во Авганистан
6 август 2011Реклама
Во текот на ноќта се урна хеликоптер на НАТО во Авганистан, при што загинаа 31 припадник на американската армија како и седуммина авганистански војници.
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска соопшти дека хеликоптерот бил застрелан на истокот од земјата од страна на бунтовници.
Радикалните талибанци преку интернет ја преземаа одговорноста за уривањето на хеликоптерот на меѓународните заштитни трупи. НАТО засега не зазема став по ваквите тврдења. Северноатланската алијанса го потврди инцидентот и соопшти дека е во тек спасувачката акција.
Автор: АТ/ дпа/ дапд
Редактор: Борис Георгиевски