1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем исчекор за нормално живеење!

1 декември 2011

Превенцијата и комбинацијата лекови се двата носечки столба во борбата против сидата која од фатална, се’ повеќе добива карактер на хронична болест. Не е невозможно ХИВ позитивните партнери да родат здраво дете.

Фотографија: dpa

Во последниве години животот на ХИВ позитивните лица , благодарение на медикаментите и нивното комбинирање е целосно сменет. Кај оние кај кои болеста напреднала, лековите значат преживување на краток ток. Кај другите кои се ХИВ позитивни, со лековите вирусот е под контрола и пациентите се третираат како хронично болни.
„Сега имаме богата лепеза супстанции и принципи во чии рамки се развиваат различни лекови против сидата кои имаат се’ помал број негативни ефекти и кои се поедноставни за примена. Ширум светот проблем е што овие ново создадени лекови најпрво се скапи и не секаде се достапни. Дури и во богатите земји трае додека стасаат до пациентите“, објаснува професор доктор Ханс- Јирген Штелбринк од Центарот за инфектологија од Хамбург . Тој двеипол децении е лекар на ХИВ позитивни пациенти и проценува дека месечната терапија чини меѓу 15.000 и 40.000 евра, зависно од лековите кои се препишуваат
„ Моментно има медикаменти од групата реверзивнни транскриптази. Тоа се оние кои многу рано во клетката го инхибираат вирусот. Таму има две различни супстанции со иста задача и тие може да се комбинираат. Потоа, се применуваат и интегразе инхибитори кои цврсто го фиксираат вирусот во клетката, како и протеази инхибитори кои го спречуваат зреењето на вирусот и неговото ширење. Згора на ова и има уште две групи лекови кои го спречуваат прикачувањето на вирусот на клетната и тие се користат во најраната фаза на третманотот“, кажува Штелбринк според кого и покрај тоа што многу пациенти добро ги поднесуваат комбинациите лекови има болни кај кои од различни причини вирусот не реагира на терапијата.

Само едно од 100 деца на ХИВ позитивна мајка се раѓа инфицирано, вели проф.Ханс-Јирген ШтелбринкФотографија: DW/Silvera Padori-Klenke

Комбинации лекови

До сега е регистриран еден единствен случај на целосно оздравување и тоа кај ХИВ позитивен пациент кој во берлинската клиника Шарите со коскена срцевина од здрав дарител бил лекуван од леукемија. Се случило со срцевината да бидат уништени и болните ХИВ клетки. После ова имало повеќе обиди ваквиот третман да се копира, но сите биле неуспешни коментира професор Штелбринк.До кој степен лекувањето е напреднато тој образлжува дека луѓето кои оптимално се третирани од ХИВ, многу малку се опасни при полов однос да го инфицираат својот партнер. Тоа е големо олеснување за пациентите. Има случаи кога мажот е ХИВ позитивен, жената е здрава или обратно, на кои може да им се каже дека со мал ризик смеат да имаат однос без заштита доколку скаат за да добијат дете.
„ Порано 12 до 25 проценти од новороденчињата од ХИВ позитивни мајки биле заразени, или секое четврто до седмо дете било ХИВ позитивно. Денес, со третман на ХИВ болната мајката е постигнато само едно од сто деца да се роди со ХИВ. Значи и позитивните родители може да имаат здраво дете и со поддршка на модерната терапија своето дете и да си ги израснат“, заклучува професор Штелбринк.

Пријателите го вратиле во живот

Дека сексот без заштита во услови кога не се прима терапија останува ризик број еден најдобро го знае и дваесет тригодишниот Марсел Дамс од Есен, кој веќе две години знае дека е ХИВ позитивен. Вели, бил наивен, вљубен и не користел кондом. Шокот дошол на првиот преглед.
„ Најпрво комплетно се повлеков во себе. Два месеца бев сам. Немав контакти ни со семејството, ниту со пријателите, навистина со никого! Потоа моите пријатели почнаа да прашуваат што се случува, зошто ме нема, не излегувам...
На почетокот не се осмелував да кажам, зашто се плашев како ќе реагираат. Потоа, кажав зашто се надевав дека ќе ми помогнат. И навистина со нив се вратив во животот. Сам немаше да успеам да се извлечам“, вели за македонската програма на Дојче веле Марсел Дамс, кој е ХИВ позитивен, пациент е на Клиниката во Есен, прима дневна терапија од четири таблети и е годинашен амбасадор на германската кампања за борба против сидата.

Автор: Силвера Падори- Кленке

Марсел Дамс е ХИВ позитивен и амбасадор во годинашнава кампања за борба против сидата!Фотографија: DW/Silvera Padori-Klenke

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми