1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голем скок на Зелените на европските избори во Германија

ЕМФ
26 мај 2019

Историски лоши резултати за владеaчките партии во Германија на европските избори и огромен скок за Зелените.

Berlin Europawahl Wahllokal
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/K. Voigt

Партиите кои ја сочинуваат големата коалиција во Берлин постигнаа историски лош резултат на европските избори. Првичните прогнози велат дека и Унијата и СПД бележат голем пад во споредба со европските избори во 2014 година.

Христијанско-демократската (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоиле 28 проценти од гласовите, или 7,4% помалку отколку на европските избори во 2014 година.

Социјалдемократската партија (СПД) има најголем минус во споредба со претходните европски избори и тоа од цели 11,8% - според првичните прогнози таа на овие избори освоила 15,5%.

Зелените, пак, овојпат имаат огромен плус од 11,3% гласови и сега ја имаат довербата на 22 проценти избирачи.

Деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД) исто така има повеќе гласови отколку на претходните избори. Таа сега освоила 10,5 проценти, односно 3,4% повеќе во споредба со 2014.

Либералите (ФДП) и Левицата според прогнозите имаат освоено еднаков процент гласови - по 5,5 проценти, но во споредба со претходните европски избори либералите имаат 2,1% гласови повеќе, а Левицата 1,9% гласови помалку. 

Останатите партии заедно 13 проценти од гласовите.

Според она што беше соопштено попладнево, одзивот на овие избори е повисок отколку на претходните. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми