Голограда жена сакала да го нападне рускиот патријарх
26 јули 2012Украинска феминистка со голи гради и со заканувачки пораки испишани по целото тело денеска се обиде да се фрли врз патријархот на Руската православна црква Кирил, во знак на протест поради антиукраинската политика на Кремљ и на руската црква.
Активистиката и припаѓала на контроверзната украинска група Фемен, која се бори за женските права. Таа успеала да се приближи на еден метар до рускиот патријарх на киевскиот аеродром, но била запрена од членови на обезбедувањето и од свештеници од придружбата на Кирил.
Активистката на грбот со големи црни букви имала испишано „Смрт на Кирил!“ и извикувала „Кирил, оди во пеколот!“. Таа набрзо била притворена, но подоцна пуштена од притвор без да биде подигнато обвинение. Патријархот Кирил го игнорирал метежот и продолжил да им дава изјава на собраните новинари.