1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гордоста и дилемите на Словенија

9 јануари 2008

На Брдо кај Крањ беше одржан состанок на претставниците на Европската комисија со словенечката влада, посветен на приоритетите на ЕУ во првата половина од 2008. На таа тема денеска весникот “Ноје Цирихер Цајтунг“ пишува:

ЉубљанаФотографија: AP
“Малата алпска република со очигледна гордост ужива во преземеното претседавање со ЕУ. Словенечките политичари се насладуваат во своите говори не само поради тоа што како прва нова членка на унијата станаа претседавач со ЕУ, туку и поради фактот дека се земја на која и‘ успеа да го направи овој чекор наспроти фактот дека сувереноста ја добија пред 16 години“, пишува весникот “Ноје Цирихер Цајтунг“ и продолжува:
“И покрај големите напори и значителниот ризик што оваа земја ги презеде врз себе прифаќајќи ја задачата, не може да се превиди дека словенечкото претседателство со унијата уште од почеток е малку во сенка на две големи претседателства - на германското, во првата половина на 2006-та и на француското кое следува во втората половина на 2008-ма. Сепак, поранешната југословенска република настојува да ја искористи својата положба за да го забрза приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Словенија сака да придонесе колку што може оваа, како што ја нарече премиерот Јанша “незавршена приказна на една стратешка трансформација“, да ја добие својата завршница. Препреките се, сепак, непредвидливи. Косово и Србија се додуша најважните, но во никој случај не се и најтешките проблеми. Јанша стави јасно до знаење дека проблемот на Косово во споредба со прашањето на Босна и Херцеговина е релативно едноставен и предвидлив. Сепак, словенските напори по прашањето на Косово и Србија, се заглавени во дилема. Колку што Љубљана посакува да ја приближи што е можно побргу Србија до ЕУ и колку што е можно побргу да создаде околности кои нема да можат да се менуваат, толку многу предусловот за соработка на Белград со Хашкиот трибунал изгледа како непремостлвиа пречка на тој пат“, пишува весникот “Ноје Цирихер Цајтунг„.



►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми