1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Апокалиптична жега во Калифорнија

ЕМФ
19 јуни 2021

Екстремна горештина со рекордни температури го зафати југозападот на САД. Температурите на многу места се над 45 степени Целзиусови.

BdTD USA | 54 Grad Hitze im Death Valley National Park
Фотографија: Patrick T. Fallon/AFP

Калифорнија, Невада, Аризона и Јута се „варат“. Во овие американски сојузни држави деновиве се мерат рекордно високи температури, а прогнозите велат дека на места тие уште ќе се зголемуваат. Националната метеоролошка служба предупредува од „опасна и ексцесивна горештина“. Поради екстремното време, системот на снабдување со електрична енергија е пред колапс. Компаниите за електрична енергија ги повикаа граѓаните на Калифорнија да штедат струја и да го намалат работењето на клима-уредите.

„Ова е апокалиптична атмосфера, рекордна горештина и мирис на шумски пожари кој доаѓа преку пустината Сонора“, вели Емили Коркланд од Феникс.

Според научниците, промените на климата го заоструваат проблемот со суши, горештини и екстремни временски услови, што може да доведе до големи пожари. Западот на САД минатата година преживеа тешка сезона на шумски пожари.

На оваа #ФотографијаНаДенот, направена во националниот парк Фурнас Крик во Калифорнија, е овековечена температура од дури 54 степени Целзиусови. Надлежните во националниот парк ги повикуваат туристите да носат дополнителни количества вода и „да патуваат подготвени да преживеат“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми