1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гоце Делчев на испит во јунската сесија

12 април 2019

Историчарите од Бугарија и Северна Македонија за јуни ги одложија прашањата за Гоце Делчев и за античкиот период во македонските и бугарските учебници по историја.

Bulgarien Schulbücherverkauf in Sofia, Bulgarien
Комисијата ги разгледувала содржините на бугарските учебници по историја за петто и шесто одделение (фото: продажба на учебници во Софија)Фотографија: BGNES

Личноста на Гоце Делчев, неговото потекло и дејност, можноста за заедничко чествување на неговата личност и дело, како и античкиот период во бугарските и македонските учебници, биле темите околу кои во изминатите два разговараа историчарите од двете земји, кои се членови на бугарско-македонската Комисија за историски и образовни прашања.

Како што јавуваат бугарските медиуми, разговорите во резиденцијата „Бојана“ во Софија, не завршиле со заеднички одлуки, па темите се оставени за следниот состанок во јуни. Комисијата ги разгледувала содржините на бугарските учебници по историја за петто и шесто одделение, како и македонските учебници по истиот наставен предмет за шесто и седмо одделение. Но, и по дводневните разговори, сепак, не било постигнато заедничко решение.

Чувствителна тема

Според некои бугарски медиуми, се спомнало дека македонската страна не се согласила со толкувањето на некои географски карти во бугарските учебници. Но, историчарите вчера се воздржале од коментари на прашањето - што е предмет на разликите?

Директорот на македонскиот Институт за национална историја, д-р Драги Ѓоргиев, кој е и копретседател во заедничка Комисија од македонска страна, нагласил дека прашањето за Гоце Делчев е „чувствителна тема за една важна личност“, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Разговорите за Гоце Делчев ќе продолжат

„Ние разговаравме за Гоце Делчев, и сметаме дека треба да се продолжи со разговорот за Гоце Делчев, како за личност која заедно ќе ја славиме“ изјавил Ѓоргиев.

Тој навел дека македонската страна ќе подготви свој текст што ќе го предложи на средбата во јуни.

„Сметаме дека работата на Комисијата е многу сериозна. Неопходно е време, неопходни се консултации со специјалисти, за да претставиме една сериозна препорака до Владите“, изјавил Ѓоргиев.

Повеќе:

Ревизијата на учебниците и визијата за мир

Историјата влегува под лупа на Комисијата од Скопје и Софија

Темата Македонија ја зовре бугарската политика

Историјата е опасна

Солидна основа за идните односи

Копретседателот на Комисијата од бугарска страна, историчарот и поранешен дипломат, Ангел Димитров, изразил мало разочарување што во дводневните разговори не се стигнало до консензус, по кој двете земји, на пример, ќе можат заедно да ја одбележат смртта на Гоце Делчев на 4-ти мај.

Сепак, двајцата копретседатели изразиле оптимизам во врска со нивната идна работа, но потсетиле дека конечните одлуки сепак се носат на политичко ниво.

„Се надевам дека следниот состанок ќе доjдеме до решение слично на она што го направивме за цар Самуил. Искрено се надевам дека на следниот состанок ќе завршиме со античкиот период, но ќе направиме солиден чекор напред во постигнувањето заедничка позиција околу забелешките со толкувањето на средниот век“, нагласил Димитров.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со македонскиот колега Зоран Заев се поклонува пред гробот на Гоце Делчев во црвата Свети Спас во Скопје (архива, 02.08.2017)Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Според него, политичарите направиле сериозен чекор со Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји.

„Тој е солидна основа за еден многу значаен чекор во билатералните односи, но и поттик за евроатлантските и европските аспирации на нашиот сосед Северна Македонија. Се надевам дека тоа ќе се случи. Нашата Комисија не е незначаен дел од тоа што треба да го завршат двете земји“, оценил Димитров.

Тоа беше петти состанок на заедничката Комисија, која беше формирана за да одговори на историските и образовните прашања, во согласност со членот 8, став 2 од Договорот за добрососедски односи и соработка што Софија и Скопје го потпишаа во 2017 година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми