1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грабнат Германец во Авганистан

5 јули 2007

Во Авганистан е грабнат Германец и неговиот преведувач. Министерството за надворешни работи во Берлин ја потврди веста. Од Авганистан се вели дека киднапираниот е жив и дека за денеска се планирани првите преговори.

АвганистанФотографија: AP

Грабнатиот Германец сеуште е жив, соопшти шефот на полицијата на провинцијата Фарах, Абдул Раман Сарјанг. Човекот е грабнат во село во југозападен Авганистан од непознати лица. Според Авганистански извори Германецот бил грабнат во неделата или понеделникот, според германската влада пак лицето се води исчезнато уште од четвртокот минатата недела. Грабнатиот Германец е градежен инжинер, а со него бил и преведувач.

За првпат по падотот на режимот на Талибанците во 2001 година во Авганистан е грабнат германски државјанин. Портпаролот на министерството за надворешни работи во Берлин Мартин Јегер потврди дека според информациите со кои располага германската влада станува збор за грабнување.

Истото го кажа и министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг „Според наша информација, грабнат е соработник на претпријатие на југот на Авганистан. Нашиот штаб активно работи во министерството за надворешни работи за да имаме што е можно подбро решение на случајот.”

Грабнувањата на странци не е пракса која е на дневен ред во Хиндукуш. Но во изминатите години се забележани повеќе случаи на грабнувања.

Дали сега позади кинднапирањето на Германецот стојат Талибанците, или целиот случај има криминална позадина сеуште не се знае точно. Се слушаат и шпекулации дека станува збор за инсценирано грабнување оти човекит имал финансиски потешкотии. На југотот на Авганистан инаку се водат борби со Талибанците, а постои и трговија со опиум. Многу групи ја користат безправната ситуација и недостатокот на државни структури.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми