1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грабнат Германец и тројца Албанци во Авганистан

13 март 2006

Радикално исламиситчкото движење Талибан, според сопствени извори држи грабнати германски граѓанин и тројца Албанци. Портпарол на групата во јавноста изјави и дека шефот на Талибанцте mулата Мохамед Омар наредил убиство на заложниците.

Војници на ИСАФ во Авганистан
Војници на ИСАФ во АвганистанФотографија: dpa - Report

Портпаролот на радикално исламистичкото движење Талибан, Кари Мохамед Јусуф, за новинската агенција Ројтерс во текот на ноќта изјави дека грабнатите лица по нередбата на шефот на Талибанците мулата Мохамед Омар треба да бидат убиени, тој уште додаде „Овие луѓе по налог на Америка дојдоа во Авганистан, затоа треба да бидат осудени на смрт.“ со што го цитираше водачот Омар.

Министертсвотот за надворешни работи во Берлин не зазема никаков став во однос на извештајот. Првично портпаролот на Талибанците, Јусуф соопшти дека радикално исламистичкиот Талибан грабнал четворица Албанци и четворица Авганистанци. Во текот на вчерашниот ден се огласи и албанското министерство за надворешни работи кое соопшти дека четворицата странски државјани кои биле киднапирани во Авганистан не се државјани на Албанија. Подоцна Јусуф пак соопшти и дека Авганистанците се ослободени и ги идентификуваше другите грабнати лица како тројца Албанци и еден Германец, кои како шпиони на САД би биле изнесени и пред суд. Талибанците групата ја киднапирале во саботата во округот Мајванд во провинцијата Кандахар, лицата најверојатно работеле за германската фирма Еколог, но властите во Авганистан не можеа да дадат податоци, за која цел грабнатите странски државјани се наоѓале во регионот Кандахар. Од таму се вели дека безбедносните сили ќе ги бараат лицата.

Германската армија во рамките на мировната мисија во Авганистан има стационирано 2.500 војници. Откако американските трупи во 2001 година ја урнаа владата на Тлибан, во регионот се борат екстремистичките групи против новото водство под претседателот Хамид Карзаи.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми