1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Градот - жигосан од нарко мафијата

М. Полански/ С. Недевски25 октомври 2014

Веќе еден месец, 43 студенти од мексиканскиот град Игуала се водат како исченати. По големите критики поради кризниот менаџмен, гувернерот на сојузната држава Гереро, поднесе оставка. Страв и недоверба владеат во Игуала.

Фотографија: Reuters/Edgard Garrido

На улиците на Игуала мексиканската сојузна полиција патролира со џипови, на некои од тие џипови дури можат да се видат автоматски пушки. Надвор од градот кој има 120.000 жители војската постави дополнителни возила. Секаде можат да се видат униформи- но безбедносните сили не можеа да ги спречат лутите демонстранти да ја запалат градската куќа.

Оттаму градоначалникот Хозе Луис Абарка наводно директно соработувал со локалните нарко-картели. Сопругата на Абарка потекнува од едно семејство од мафијашкото подземје. Наводно и шефот на полицијата во Игуала бил вклучен во мафијашки бизниси. Се претпоставува дека тројцата заедно со нарко бандата „Гуерерос Унидос“ се одговорни за исчезнувањето на 43 студенти.

Ретки се оние кои сакаат да зборуваат

Градоначалникот Хозе Луис Абарка и сопругата МаријаФотографија: picture-alliance/AP Photo/Alejandrino Gonzalez

Недовербата се прошири во Игуала во сојузната држава Гереро, само малкумина сакаат да зборуваат. Како на пример овој механичар. „Секогаш се шпекулираше за началникот на нашиот мал град. Како и дека неговата сопруга е во мафијата. Но самата управа на градот добро функционираше.“

Абарка, неговата сопруга и шефот на полицијата побегнаа, не се знае каде се наоѓаат. Во меѓувреме против нив е издаден налог за апсење. Можно е дека тие тројцата сметале оти нивната моќ е загрозена од страна на студентите кои пред речиси еден месец демонстрираа во Игуала и дека тие млади луѓе поради тоа се убиени.

Оставка на гувернерот

И гувернерот на сојузната држава Гуереро, Ангел Агире, повлече политички последици и поднесе оставка. Многумина веќе со недели го бараа тоа. Агире исто така важи за корумпиран. Му се префрла дека го толерирал градоначалникот во Игуала и неговите дела.

Градот Игуала не е грд, но не е ни убав: многу мали продавнички и тесни улици. Досега жителите на градот беа горди на тоа што мексиканското знаме Триколоре, осносно тробојницата потекнува оттука. Сега со тоа градот асоцира на организран криминал, како и директна врска меѓу политиката, полицијата и мафијата- како што е тоа веројатно случај и во други региони во Мексико. Еден од жителите на Игуала тоа вака го објаснува: „Тоа е проблем за сите нас. Некои сигурно знаеле нешто, но ништо не рекле ниту пријавиле бидејќи се плашеле. Други можеби и самите имаат деца кои се вклучени во мафијата и поради тоа не зборуваат ништо. А сега имаме голем проблем.“

Гувернерот на сојузната држава Гуереро, Анхел Агире РивероФотографија: picture-alliance/dpa

Кои се мртвите од ридовите?

Имено, во ридовите околу градот се пронајдени масовни гробници. По направените ДНК тестови, се наведува дека кај пронајдените трупови не станува збор за исчезнатите студенти. Но, речиси никој не го поставува прашањето кои се тогаш тие мртви. Една жителка раскажува како тоа тука се случило: „Редовно тешки возила поминуваа низ ридовите- 5 до 10 автомобили, навечер во еден часот. Се враќаа дури во раните утрински часови. Таму горе всушност нема ништо. А ние од страв не излегувавме пред врата.“

Фотографија: AFP/Getty Images

Игуала е сега полна со луѓе во униформи. Сојузните власти ветија разјаснување. Веќе се уапсени над 40 лица, поголемиот број полициски службеници од Игуала. Инаку, мексиканските власти не можат да се пофалат со успеси. А 43 студенти и понатаму се водат како исчезнати. „Би сакала да верувам дека тие млади луѓе се се’ уште живи“, вели нашата соговорничка, жителка на Игуала, и додава: „За нивните родители тоа е сигурно страшно. Ние сите тука се надеваме дека повторно ќе ги видиме живи.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми