На малку повеќе од еден месец пред годишнината од катастрофалниот земјотрес Скопје доби уште едно урбано катче во сутеренот на Градскиот трговски центар. Графити и мурали сега го красат подземниот премин
Реклама
Иницијатива за проектот е на архитектот Филип Конески, а во нејзината реализација учествуваа и Младинскиот културен центар и Градот Скопје. Сместена е во сутеренот на ГТЦ спроти автобуската постојка. Во реализацијата на проектот учествувале дваесетина уметници:
Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими, Зоки Мише, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска и Филип Конески.
Погледнете дел од муралите и графитите во нашата фотогалерија:
Градот убав...
На малку повеќе од еден месец пред годишнината од катастрофалниот земјотрес Скопје доби уште едно урбано катче во сутеренот на Градскиот трговски центар. Графити и мурали сега го красат подземниот премин
Фотографија: DW/B. Georgievski
Прва галерија на отворено
Иницијатива за проектот е на архитектот Филип Конески, а во нејзината реализација учествуваа и Младинскиот културен центар и Градот Скопје. Сместена е во сутеренот на ГТЦ спроти автобуската постојка.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Уметници
Во реализацијата на проектот учествувале дваесетина уметници: Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими, Зоки Мише, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска и Филип Конески.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Мотиви
Најголем дел од уметниците најдоа инспирација во урбани мотиви карактеристични за Скопје, иако има мурали и со апстрактни содржини.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Шанса за домашните уметници
Според одговорните, целта на галеријата е да се даде простор на домашните автори да реализираат дело посветено на Скопје, кое оваа година одбележува 55 години од обновата по катастрофалниот земјотрес од 1963-та година.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Уметност и функционалност
Дополнително, галеријата на отворено му дава и дополнителна функција на архитектонскиот простор, кој е еден од најзначајните објекти од современо Скопје.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Скопје сонува
Во Скопје цртањето графити е забрането со закон, па оваа иницијатива им дојде како добра можност на уметниците да споделат дел од својата инспирација.
Фотографија: DW/B. Georgievski
55 години од земјотресот
Еден од муралите го одбележува точното време на катастрофалниот земјотрес од 1963 година: 5:17 часот. Во скопскиот земјотрес загинаа повеќе од илјада луѓе, а поголемиот дел од градот беше целосно уништен.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Модерна метропола?
Скопје беше обновено, но никогаш не успеа да израсне во современа метропола со сите атрибути. Идеите на архитектот Кензо Танге беа само делумно реализирани, а со почетокот на транзицијата започна и систематското уништување на урбаниот дух на градот кое кулминираше со проектот „Скопје 2014“.
Фотографија: DW/B. Georgievski
Зборува Скопје
Градските власти деновиве организираат серија настани по повод одбележувањето на годишнината од земјотресот. На зградата на Старата железничка станица беше вратена пораката на Јосип Броз Тито, а паралелно деновиве ќе се одржуваат и серија изложби, концерти, поетско читање и крводарителска акција.