Скопје се претвора во град на фавели, кои се прескапи и животно отепувачки, а сопствениците кои поседуваат парцели, генерираат колонизација и узурпација на имотот, и неконтролиран градски регрес. Пишува Александар Петров
Реклама
Зачетоците на урбаниот хаос се евидентираат во раните деведесетти години, со самото осамостојување на Републиката. Во отсуство на било каква станбена политика, животните потреби се прилагодуваа преку надградбите на поткровјата, а подоцна и со затворањето и доградбата на балконите и лоѓите.
Тоа беа инстант сигнали на слабост, во услови кога исчезна урбанистичкиот завод за планирање и сите пропратни бирократски алатки на организација на јавното земјиште. До тогаш и му се водеше некаква евиденција на ГУП-от, кој беше мегаломански со метаболистичка инспирација.
Таквите микро интервенции почнаа да загризуваат од структуратa на Скопје, па затоа постоечките згради станаа карикатури, на чии модернистички рамни кровови, никнуваа селски куќи со баџи и керамиди.
Во недостиг на еманципација и кооперација на станарите, зградите пропаѓаа, а се дополнуваа само надградбите, без никаква можност станбените единици целосно и усогласено да се реновираат и да создадат некаква трајна целина. Таквите крпеници се видливи и денес преку нарушената естетика, статика и несанкционирање, создавајќи маалска деградација. Периодот се карактеризираше со несоодветни мутации на постоечките резиденцијални згради, без притоа да се има строга стручна регулатива и етика.
Постепено и неуко, градежната акција завземаше се поголем замав. На таквото одвивање на настаните влијаеа и губитничките политики на партизацијата и барокизација преку кои се изнајде начин за корупција. СК 2014 не го споменувам, за него веќе пишував во градот без љубов.
Ќе има ли отчет за Скопје 2014?
Проектот, чија изградба започна во 2010 и требаше да чини 80 милиони евра, ги подели граѓаните и го смени „личниот“ опис на градот. Архитекти најавуваат ревизија, не само на естетските, туку и на финансиските аспекти
Фотографија: DW/F. Hofmann
Воинот на коњ
На 20 јуни 2011 година беше поставен споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија во Скопје. Споменикот беше изработен во Фиренца, а чинеше над 8 милиони евра. До денес, тој остана симбол за целиот проект, иако властите никогаш не смогнаа храброст ниту да го именуваат „воинот“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Скопје 2010
Ова е последната фотографија од септември 2010 година пред поставувањето на постаментот за споменикот на „Воинот на коњ“. Преобразбата, која во годините кои следеа, му се случи на Скопје шокираше многумина и до денес остана тема за жестоки полемики и, неретко, критики. Голем беше интересот и во странските, пред сѐ западните, медиуми каде Скопје го доби епитетот „главен град на кичот“.
Фотографија: DW
Градежен „бум“
Во следните години беа изградени десетици згради во строгиот центар слични на оваа во која е сместен Археолошкиот музеј, некои, дури и во самото корито на реката Вардар. Заедничко за сите е стилот: комбинација од барок и неокласицизам. Критиките од експертската јавност дека таквиот стил е надминат и нема никаква естетска и историска вредност беа отфрлани.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Georgi Licovski
Споменична манија
Значајно место во проектот заземаа споменици на знајни и незнајни, честопати и контроверзни, личности од историјата. Вкупно се подигнати повеќе од 130 споменици и бисти, а за нивно сместување беа изградени и дополнителни мостови кои ги поврзуваат двата брега на Вардар во строгиот центар на градот.
Фотографија: DW/N. Velickovic
Автори и изведувачи
Воглавно, авторството на идејните решенија за целиот проект беше заслуга на неколку архитекти кои, речиси без исклучок, беа непознати за јавност. Како скулптор најчесто се јавуваше Валентина Стевановска, а идејни решенија доаѓаа од фирмите на Жарко Чаушевски и Ана Кедева-Петрова. Кај изведувачите, најмногу тендери добија Бетон, Гранит, Страбаг, Бетон-Штип и Бауер БГ. (Извор: БИРН/Призма)
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Цена
На почетокот беше најавено дека проектот ќе чини 80 милиони евра. Според истражувањето на новинарите на Призма, уште во јули 2015 година проектот надмина сума од 560 милиони евра. Денешните проценки се дека Скопје2014 веројатно веќе достигне 700 милиони евра.
Фотографија: DW/N. Velickovic
Идеологија на ентериерот и екстериерот
На почетокот, Груевски го најавуваше Скопје 2014 како проект чија цел е зацврстување на идентитетот на граѓаните. „Бомбите“ покажаа дека Груевски не само што бил идеен творец на целиот проект, туку и директно се мешал во речиси сите детали при неговата изработка: од „фонтани со обелиск“ како во Рим, преку столбови како во Вашингтон, сѐ до тапацирот и бојата на столчињата во двокатните автобуси.
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski
Цел на „шарените“
Целиот проект стана омилена цел за „боење“ за време на протестите на Шарената револуција во 2016 година. Демонстрантите во него гледаа симбол на корупцијата, автократското однесување и непотребно трошење државни пари во една од најсиромашните земји во Европа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Licovski
Ревизија: дали или не?
Во центарот на Скопје сѐ уште се градат објекти кои беа предвидени или додавани како дел од проектот. Од Асоцијацијата на архитекти на РМ за ДВ најавуваат дека ќе бараат целосна ревизија на проектот. Според нејзиниот претседател Мартин Пановски, „Скопје 2014 е проект што не го осакати само центарот на Скопје, туку и цела Македонија“.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
9 фотографии1 | 9
На таков начин се случи преминот од куќарка до куќарка, во лепенка до лепенка. Најинтересно е што планерите го преспаа целиот процес на узурпација и без грижа на совест си обработуваа парцели по најмал можен отпор.
Но најсакатото допрва не очекува. Сега се окрупнуваат празните парцели кои узурпираат пространства кои многу тешко ќе влијаат на целина, како што е поранешната фабрика Треска, вештачкото езеро во Сарај, Расадник во Кисела Вода и многу други.
Типолошки монструми
Единствен концепт што се нуди за такви позиции се хибридни типологии, спој од мол и домување. Овие Типолошки монструми почнаа не само да ги окупираат празните простори, туку да ги девалвираат и постоечките со изразен идентитет, како Старата железничка станица, Стариот саем (кој патем го срушија), ТЦ Бисер, Карпош 3, и еве сега на паркингот кај Холидеј ин, исто така во непосредна близина на градскиот култ ГТЦ. Не би знаел која е економската оправданост на вакви импровизации по секој агол од градот, но во едно сум сигурен, во отсуство на било каква пописна датотека и конкретен пазар на недвижности, вакви финансиски маневри прераснуваат во „риалестејт" балон, урбан тумор кој почнува се повеќе да ни го узурпира секој заеднички содржател.
Сопствениците кои поседуваат парцели, генерираат колонизација и узурпација на придобиениот државен или повратен имот и определуваат неконтролиран градски регрес. Агресивно делуваат против јавната целина и останатите приватни единки, непочитувајќи ги основните начела на животни услови и стандарди, кои секако се предвидени и загарантирани во современите општества.
Таквата урбана каписла, во недостаток на личен капитал, ја зголемува цената на парцелата преку сомнителни инвестициски текови кои се спремни на се, само за да се дограбат до се поголем коефициент на изграденост.
Преку таквиот пристап длабоко загризуваат во шпекулативни и коруптивни привилегии.
Тоа го прикажува и неформалниот пазар на недвижнини кој е неопределен и обратнопропорционален од потребите на побарувачката. Изградено е премногу за да сето тоа чини по вистинска цена. Многу станови остануваат празни, еден вид на коруптивни бастиони, акумулатори на скриен капитал. (http://makstat.stat.gov.mk)
Од друга страна пак најзасегната побарувачка, во сооднос со можностите и потребите е скоро непостоечка и е главниот причинител за лошиот стандард, намалување на наталитетот, уништени бракови, емиграцијата…
Со пропорционален сооднос помеѓу станбен кредит и реални примања, средната и движечка класа во општеството најмногу е погодена. Понудените живеалишта ниту имаат квалитет на типологија, ниту пак содржат било каков проектантски интегритет, со кој би можеле да парираат на евентуален вистински пазар, преку строго определени проектантски норми, принципи и стандарди. Станови што немаат вредност се продаваат и по трипати повисока цена. За алтернатива скоро и да не постои опција.
Скопје - историја за (ре)откривање
Македонците гласаат за идното име на земјата. Се дискутира за идентитетот, митовите и националното наследство. Спорот околу овие прашања радикално го промени изгледот на главниот град Скопје.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Скопје - град кој чека да биде откриен
Градот денес брои околу 540.000 жители. Неговото постоење датира од пред околу две илјади години. Скопје беше, меѓу другото, дел и од Османлиското Царство, дел од Југославија и од 1991 година е главен град на независна Република Македонија. Поранешната влада, во периодот од 2009 до 2015 година, правеше обиди да му даде на градот антички лик - понекогаш со чудни резултати.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Потомци на антички јунаци
На 30 септември ќе се гласа за името на државата, но името на градот е неспорно - Скопје. Тој е основан во римско доба. Новите статуи и градби би требало да докажат: Ние сме Македонци, потомци на Александар Велики. Оваа фонтана ги прикажува првите животни станици на античкот крал од Македонија и неговата мајка. Во позадина поздравува татко му Филип Втори.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Безимен коњаник
Спорот за името и за наследството на Александар трае 27 години. Во меѓувреме, 23 метри висока статуа го зазема централното место на плоштадот во Скопје. Договорот за решавање на спорот предвидува преиспитување на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктурата и ако истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, ќе бидат преземени корективни дејствија.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Чист историзам - Археолошки музеј
Во градот со 540.000 жители, околу 20 проценти се Албанци. Тие живеат главно на страната на Вардар која и денес има лик на балкански град, со тесни улички и малечки дуќанчиња. Средновековен мост ги поврзува двата брега и двата културни света. Овој споменик делува некако мал и скромен во споредба со новоантичкиот храм на Археолошкиот музеј.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Јустинијан конечно дома
Јустинијан Први е роден во 482 година во Тауресиум (денешно Скопје). Римскиот цар ја поттикнувал изградбата и обновата на многу балкански градови. Сега се врати во Скопје - како мермерна статуа. Но и ваквите украси не можат да ги скријат проблемите на земјата. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Од ново направи старо
Скопје беше разурнат од катастрофален земјотрес во 1963 година. Славниот јапонски архитект Кензо Танге потоа му даде нов лик на градот - модерно Скопје, објекти со јасни линии, бетон. Но од тоа сега ретко што може да се види. Наместо тоа, античка илузија - објектите се опшиени со столбови и имитации на статуи.
Фотографија: DW/A. Feilcke
И Скендберг има статуа
Скопје било и е раскрсница, место каде се вршела трговска размена и место каде се испреплетуваат различни култури и јазици. Градот има видливи траги од византиското доба, од османлиското време, како и од социјализмот. Она што за едните е Александар, за другите е Скендербег: за Албанците тој е национален херој кој исто така има своја статуа во Скопје.
Фотографија: DW/A. Bajrami
Брод на бетон
Апсурден врв на инсценираниот историски лик на градот се трите средновековни бродови, излеани во бетон, на брегот на Вардар. Овие големи бродови никогаш не би стигнале до овде по воден пат. Тие набрзо треба да исчезнат, и тоа не само поради естетски причини. Бетонските основи го попречуваат течението на реката.
Фотографија: DW/A. Feilcke
Голата вистина на итриот Прометеј
Статуата на Прометеј предизвика скандал уште пред да биде поставена. Причина: јунакот беше гол! Некои организации на жени сметаа дека тоа е недозволиво и дека таква статуа не може да биде поставена во парк, каде доаѓаат и жени и деца. Прагматичниот скулптор смисли брзо решение - античкиот јунак доби покривка. Сега смее да позира во паркот.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Кавга и за Самоил
Спор околу историското наследство нема само со Грција. Царот Самоил е предмет на расправии меѓу Бугарија и Македонија. Тој го префрлил главниот град на царството од Софија во Охрид. Полемика се води дали државата останала Бугарија или настанала првата држава на македонските Словени. За деескалација сега статуата од Скопје треба прво да се префрли во Охрид.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Триумфална порта и сообраќајна пречка
„Порта Македонија“ е еден од најсимболичните споменици на мегаломанијата од последните години. Триумфалната порта е висока 22 метри и чинеше 4,4, милиони евра. Сега на врвот е поставен часовник кој треба да покажува колку пари од оние што ги проневерила претходната влада се вратиле во буџетот.
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
Скокање на глава
Оп... Немојте во никој случај да се обидувате! Кој на ова место сака да скокне на глава во Вардар, сигурно ќе се раскрвари, затоа што реката нема доволно вода. За среќа, двете дами се од бронза. „Двете пливачки“ пливаат во реката , која преку Грција (таму се вика Аксиос), се влева во Егејското Море. Кога и соседите би можеле малку поспортски и поопуштено да се однесуваат кон другиот...
Фотографија: DW/A. Salihbegovic
12 фотографии1 | 12
Новите фавели
И така во неопределен простор растат фавелите, кои за разлика од оригиналните се прескапи и пред се животно отепувачки. Самото немање на современи регулативи и параметри ги продлабочува административните и граѓански стеги.
Затоа се потребни афинитети, нужни за решавање на навидум нерешливото.
Како што урбанистичката, градежната и административна проблематика се повеќе се отвараат, така на површина ги исфрлаат талозите кои со години се акумулираа по сивиот простор. Затоа процесот на тековен развој се повеќе се отежнува, комплицира и компромитира, особено во актуелната ситуација кога не поседуваме кадар (Градоначалник), кој ќе знае да пристапи во една таква постоечка и проследена узурпација.
За да се постигне било каков напредок потребно е чинителите да соработуваат за да може да се развиваат етапно и паралелно, во еден јавен и правен процес, поткрепен со примена на современи технологии, поимања и знаења. Не е веќе пожелно тоа да биде само интерес на политичко толкување.
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
Македонскиот главен град е на дното на листата на 209 светски градови според трошоците на живот за доселеници. На врвот е Луанда, Ангола која на првото место го замени Хонг Конг. На дното се повеќе балкански градови.
Фотографија: DW/P. Stojanovski
Луанда, Ангола
Луанда повторно го замени Хонг Конг на листата најскапи градови во светот за доселеници на агенцијата Мерсер. Податоците покажуваат дека странец за изнајмување на апартман со две спални соби во африканската метропола треба да плати околу 6,000 долари месечно. Ни за храна нема да минете поевтино: еден хамбургер ќе ве чини околу 15 долари.
Фотографија: N. S. D´Angola
Хонг Конг, Кина
Минатата година беше на врвот, а сега едно место подолу. Хонг Конг одамна важи за еден од најскапите градови во Азија и во светот. Неговата валута е врзана за американскиот долар, што ги зголемува цените на становите и услугите. Очекувајте да платите околу 8 долари за едно кафе.
Фотографија: picture alliance/dpa/L. Xiaoyang
Токио, Јапонија
Јапонскиот главен град се искачи на третото место, откако лани заврши на петтата позиција. Растот на цените најмногу се должи на зголемувањето на вредноста на националната валута- јенот.
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi
Цирих, Швајцарија
Цирих е глобален центар на банкарството и финансиите. Со години важи за најскап град во Европа, а годинава е на четврто место во светот. Во првите десет на листата се наоѓаат уште два швајцарски града- Женева и Берн.
Фотографија: Fotolia/bill_17
Сеул, Јужна Кореја
Главниот град на Јужна Кореја со години бележи раст на листата на скапотија и годинава се проби до шестото место. Минатата, 2016 година, беше на 16. место.
Фотографија: Getty Images
Шангај, Кина
Шангај, заедно со неколку други кинески метрополи бележи пад на листата на најскапи градови. Падот во најголем дел се должи на намалувањето на вредноста на националната валута- јуанот на светските пазари и особено во однос на доларот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Њујорк, САД
Њујорк со години е во врвот на најскапите светски градови. Со децении е број 1 во САД, а годинава е на 9. место во светски рамки. Очекувајте дека во американската метропола ќе мора да издвоите најмалку 5,000 долари месечно за ненаместен стан со две спални соби.
Фотографија: Getty Images/AFP/T. A. Clary
Москва, Русија
Москва веќе долго котира високо на оваа листа, а годинава е на 14 место. Тоа во најголем дел се должи на високата цена за домување која во просек се движи околу 4,000 долари за стан со две спални соби. Од друга страна, килограм леб во Москва чини околу 3,3 долари, што е убедливо најевтино во конкуренција со другите скапи градови.
Фотографија: picture alliance/dpa
Белград, Србија
Белград е меѓу најевтините градови на листата и се наоѓа на 198 место, во „сендвич“ меѓу Сараево на 202. место и Тирана на 189. Балканските градови, без исклучок, се рангирани како евтини на листата на Мерсер.
Фотографија: Fotolia/aerogondo
Скопје, Македонија
Заедно со Тунис и главниот град на Киргистан - Бишкек, Скопје е на дното на листата според трошоците за живот. Од Мерсер објаснуваат дека падот од 7 места во однос на минатата година се должи на дефлацијата на цените на потрошувачката и падот на вредноста на денарот во однос на доларот за 4 проценти во последниот период. Има мал раст на цената на домувањето, но недоволно за „повисок“ пласман.
Фотографија: DW/F. Hofmann
10 фотографии1 | 10
За среќа конечно сме во зародиш на една се поизразена граѓанска волја и активизам, кои ја брануваат и будат јавната и урбаната свест, која посочува и се бори за возможна норма, која од ден на ден се проширува и добива на значење.
Мора да се даде до знаење дека сепак живееме во демократија, а не во феудализам. (Земјопоседници без аграрна реформа, коишто приватната соптвеност не можат да ја согледаат подалеку од својот градежен пашалук). Дека сме свесни за концептите на климатските фактори и промени, природата, зеленилото, еко системот во кој се живее, загадувањето и пред се здравјето кое никогаш не било толку критично.
Затоа и следните избори ќе бидат зачеток на некоја алтернативна опција, засегната од својата неволја, опција на која и гори под нозете, која и тоа како ќе ги поместува границите на возможното.