Под мотото „Борбата продолжува - гласот победува!“ денеска во Скопје ќе се одржи граѓански марш кој го организираат најголемата опозициска партија СДСМ и граѓански здруженија и поединци.
Реклама
Граѓаните денеска ќе маршираат во Скопје по повод празникот 11 октомври. Како што беше најавено претходно, ќе се маршира против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја, за правда и правичност, за еднаквост, ќе се маршира во Скопје на 11-ти октомври.
На барикадите: Икони на отпорот
Фотографијата на млада жена која мирно се соочува со специјалната полиција во Батон Руж стана хит на социјалните мрежи. Еве мал преглед на фотографии од протести ширум светот кои станаа легендарни.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Стоејќи гордо
Оваа фотографија стана препознатлив симбол на мирните протести кои се одвиваа во Батон Руж, во американската сојузна држава Луизијана под слоганот „Црните животи се важни“. Дваесет и осум годишната Иша Еванс од Њу Јорк, во долг фустан бестрашно стои среде улицата преполна со тешко вооружени полициски службеници.
Фотографија: Reuters/J. Bachman
Човек против тенк
Во јуни 1989 година непознат маж со торба за пазарење во рацете застана пред тенковите на Тианмен плоштадот во Пекинг и им го попречи патот. Ова се случи само еден ден откога кинеската војска употреби сила да ги задуши протестите. Осамениот демонстрант подоцна стана познат како Човекот-тенк, Незнајниот демонстрант и Незнајниот бунтовник.
Фотографија: picture alliance/AP/J. Widener
Дете на цвеќето
Седумнаесет годишната Јан Роза Касмир во октомври 1967 година на вооружените војници, кои го обезбедуваа протестот против војната во Виетнам во Вашингтон, им се спротистави подавајќи им цвет од хризантема. „Тие беа само млади момчиња“, изјави Касмир неколку години подоцна во интервју и додаде „Тие би можеле да бидат мои партнери, би можеле да бидат мои браќа. И тие беа жртви во целата ситуација.“
Фотографија: Marc Riboud/Magnum Photos
Граѓанска непослушност
Во центарот на Монтгомери во декември 1955 година, од Роза Паркс беше побарано да го отстапи своето место во автобусот кој брзо се полнеше со патници. Таа одби, а потоа беше уапсена. Следуваше бојкот на јавниот транспорт во целиот град кој траеше цела година сè додека Врховниот суд не ја прогласи сегрегацијата како нелегална.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Промоција на мирот
Џон Ленон и Јоко Оно одржаа два ненасилни протестни преформанси кои траеа по една недела, познати под името „бед-ин.“ За време на нивното одржување во Амстердам и Монтреал, Квебек, беа поканети многу медиуми, а Џон и Јоко даваа интервју за нивните протести против војната во Виетнам.
Фотографија: picture alliance/AP Images
Заробен во средина
На 25 јануари 2014 во Киев, помеѓу борбените редови на полицијата и демонстрантите се најде православен свештеник кој се молеше. Подоцна, украинските анти-владини протести се раширија и надвор од главниот град и сè повеќе луѓе бараа од Владата да одржува подобри односи со ЕУ
Фотографија: Getty Images/R. Stothard
Вирално видео
Во 2011 година полициски службеник употреби спреј со солзавец врз група студенти додека лежеа на земјата за време на демонстрациите на Универзитет во Калифорнија, Дејвис, познати под името „Окупај“. Студентите мирно протестираа против покачувањето на трошоците за студирање. Подоцна, полицаецот Џон Пајк ја изгуби работата, а демонстрантите добија надоместок.
Фотографијата на Сејда Сунгур, жената во црвен фустан, набрзо стана симбол на антивладините протести кои се одвиваа во паркот Гези во Истанбул. За време на протестите во мај 2013 година полициски службеник ја нападна со солзавец младата девојка, а сликата од овој настан беше безброј пати споделувана на социјалните мрежи.
Фотографија: Reuters
Македонската икона на отпорот
„Таа демонстрираше против македонската влада и притоа бакна штит на еден полицаец. Една фотографија ја направи Јасмина Голубовска, икона на отпорот“. Вака весникот „Зиддојче цајтунг“ информираше за протестите во Македонија во мај минатата година.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
9 фотографии1 | 9
„Ја потврдуваме нашата решеност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за млади кои сакаат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, ќе маршираме за граѓанскиот глас“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавувајќи го протестот. Иницијатори на маршот се уште и Вера Бунтеска, Златко Ориѓански, Томче Кежаровски, Ирена Ристиќ, Бени Шакири, Атанас Костовски и Влатко Васиљ.
Маршот ќе започне кај крстосницата во близина на новото седиште на Специјалното јавно обвинителство во Скопје, а ќе кулминира пред Собранието каде ќе се одржат и говори.
Најавувајќи го маршот Заев рече дека тој е предвесник на промените во Македонија и се одржува на 11 октомври - датумот симбол на борбата за слобода.