Груевски во посета на Берлин
16 октомври 2006Со изведувањето на химните на Македонија и на Германија и поздрав на почесната гарда денеска македонскиот премиер Никола Груевски ја започна официјално посетата на Германија,прва билатерална,не случајно одбрана токму на Берлин со која прецизно се испраќа сигнал за приоритетите и насоките на надворешната политика на Македонија.Пре разговорите со канцеларката Ангела Меркел,Груевски се заблагодари за поддршката која ја има Македонија од Германија и изјави:
„Ние имаме исто така големи очекувања од наредното претседателствување на Греманија со ЕУ,веруваме дека и во тој дух ќе ја имаме нивната поддршка на нашиот пат кон ЕУ.Исто така сакам да кажам дека ние како нова влада сме цврсто детерминирани во правец на тоа да направиме прогрес во нашата држава во правец на реформите и тоа да обезбедиме мултиетничка стабилна демократија,да обезбедиме функционална пазарна економија,да обезбедиме посилен економски развој во државата“рече Груевски.
„Се радувам што македонскиот премиер е кај нас,тоа е негова прва посета по добиените избори“,изјави канцеларката Меркел,посакувајќи му добредојде на Груевски во кусоот обраќање пред разговорите.Таа ја подвлече заинтересираноста на Германија за стабилност и успешен развој на Македонија.Разговорите се фокусираат на соработката,стопанскиот развој и стабилноста на земјата.
Германија да биде и најсилен политички партнер
„Ние очекуваме,бидејќи Германија е нашиот најголем трговски партнер,вложуваме многу Германија да биде и нашиот најсериозен и политички партнер. Во однос на нашите аспираци за интегрирање во ЕУ и во НАТО мислам дека симпатите кои Германија ги има и влогот кој Германија го има направено во регионот на ЈИЕ се најголемиот капитал што треба да го искористиме.Затоа ќе вложиме многу во доразвивањето на овие односи“,изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски,потенцирајќи дека Македонија очекува многу од идното претседателство на Германија со ЕУ.
Економијата е во фокусот на посетата
Инаку,во фокусот на посетата на Груевски во Берлин е пред се економијата,за што шефот на дипломатијата Милошоски за Дојче Веле изјави:
„Со самото тоа што премиерот одбра да говори пред нивната стопанско индустриска комора,ние покажуваме дека голем акцент ставаме на економијата,на германските потенцијали во стопанството,кои би можеле да бидат заинтересирани да инвестираат во Македонија,не би оделе уште од самиот почеток на помпезно најавување на оние кои имаат интерс да инвестираат во Македонија,да ги објавуваме со имиња со кои би се пофалиле,туку најпрво би одработиле,а потоа би почекале и сериозно да инвестираат,за потоа да кажеме дека е тоа успех“,изјави Милошоски.