Груевски во посета на Бугарија
28 ноември 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска е во официјална посета на Бугарија. Тој вчера во Софија на самитот на земјите на Централноевропската иницијатива изјави дека за Македонија во овој период е особено важно да има средби со сите, особено со претставниците на земјите кои ја поддржуваат на патот кон ЕУ и НАТО. Македонскта политика прави обиди да ги консолидира редовите и да настапи дипломатски поофанзивно на меѓународниот паркет.