1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски и Заев без договор

ЕМФ/миа24 јуни 2014

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по денешната (24.06) средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев информира дека е неприфатливо барањето на опозициската партија за формирање техничка влада.

Фотографија: Amalia Oganjanyan

„Ние формиравме Влада пред неколку дена и почнавме турбо да работиме во интерес на граѓаните и во исполнување на тоа што го ветивме“, изјави Груевски по разговорите со Заев.

Тој рече дека разговарале во мирна и коректна атмосфера и, како што нагласи, биле речиси на прагот на договор за работни групи кои ќе ги адресираат сите прашања коишто ги засегаат двете страни.

„Меѓутоа, на неколку миниту пред крајот Заев побара од мене денеска во изјава да потврдам формирање на техничка влада што за мене беше изненадување. Ми личи како некој да го посоветувал на таква работа. Нормално јас тоа не го прифатив“, изјави Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа кој ќе биде следниот негов чекор во насока на надминување на оваа ситуација рече дека ќе има разговори во партијата и оти ќе размислат пред да направат каков било следен чекор.

Претседателот на СДСМ по средбата изјави дека не е постигнат договор, со оглед дека немало разговор за техничка влада, една од петте теми кои ги предочил пред премиерот.

„Мандатите на пратениците на опозицијата не беа констатирани на 18. овој месец и бев повикан на разговор од премиерот Груевски за да почнеме разговори за барањата на опозицијата. Тоа се пет теми кои денеска му ги предочив на премиерот и можам да соопштам дека не постигнавме договор. Нема разговор за темата техничка влада“, изјави Заев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми