1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски обвинува за политички прогон

БГ
28 ноември 2017

Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски обвини дека во Македонија се случува елиминација на слободната мисла и најави дека неговата партија ќе се спротивстави на таквата политика.

Mazedonien, Nikola Gruevski, Präsident der VMRO-DPMNE Partei
Фотографија: Petr Stojanovski

Во Македонија се случува збришување и пресметка на сите кои ја сакаат земјата и народот, обвини денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски коментирајќи го приведувањето на 36 лица за кои Јавното обвинителство отвори истрага поради крвавите инциденти во македонското Собрание од 27 април годинава.

„Се удира на интелегенцијата, а се пуштаат на слобода убијците на децата од Смилковско езеро, се пуштаат на слобода криминалци. За што да одговараат оперски пејач, актер, доктор, архитект за тероризам, кои се спротивставија на тиранската платформа со која се носи неуставна двојазичност и се менува унитарниот кларактер на државата?“, рече Груевски. 

Мачна вечер на насилство во Скопје

01:45

This browser does not support the video element.

„Ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт, која ја води оваа заробена држава“.

Според него, приведувањата се удар и врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина „физичка елиминација“ за да може власта да си ги спроведува проектите во парламентот.

„Бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањето и теророт и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“, побара Груевски. Тој на крајот им се закани на сите дека „тркалото се врти“ и дека ќе има одговорност за сите прекршувања на законот.

По прес-конференцијата Груевски се приклучи на протестот на партиските приврзаници пред Основниот суд во Скопје, каде е во тек распитот на осомничените. Меѓу нив се повеќе поранешни високи функционери во МВР, членови на движењето „За Заедничка Македонија“, пратеници и јавни личности. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми