1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски потврди дека бара отштета од Заев

ЕМФ/миа/плусинфо30 мај 2014

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска (30.05) потврди дека поднесол тужба за клевета против лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“.

Фотографија: MIA

„Да, тоа е точно. Ако Заев верува во тоа што го изнесе, нема потреба да се плаши, но мислам дека нема да излезе така, затоа што неговите наводи не се точни“, одговори денеска премиерот Никола Груевски на прашањето дали навистина поднесол тужба за клевета против лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнесените наводи во врска со случајот „Македонска банка“.

Адвокатот на Заев, Мирослав Вујиќ, за Плусинфо рече дека првото рочиште од судскиот процес во кој премиерот Груевски побарува отштета од лидерот на СДСМ, е закажано за 19 јуни.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми