Груевски со покана до Црвенковски за редовни средби
22 октомври 2007Реклама
Иако истече рокот за конечните резултати на собраниската анкетна комисија, претседателот на парламентот Љубиша Гергиевски денеска напладне не успеа да обезбеди согласност од ДПА за нејзино учество во истражувањето на мотивите и иницијаторите на физичките пресметки во парламентот. Во обидот да се деблокираат политичките релации на институциите премиерот Никола Груевски со писмо до претседателот Бранко Црвенковски секој прв понеделник во месецот заедно да разговараат за виталните државни интереси.