1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците на улица ќе ја бранат „Македонија“

БГ
6 јуни 2018

И покрај напорите на владите во Скопје и Атина да најдат решение за спорот за името, граѓаните во двете земји се чини не се подготвени за компромис, пишува Дојчландфунк. Во Грција денеска масовно ќе се протестира.

Griechenland Streit um den Namen Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Giannakouris

Како никогаш досега Македонија и Грција се блиску до решение на спорот за името. Но, за разлика од владите во двете земји, граѓаните на Македонија и Грција не се подготвени за компромис, констатира во денешната репортажа од Солун, германското радио Дојчландфунк.

„Античката историја на регион е чиста грчка историја“, вели 45-годишниот Костас од Солун. Ниту една друга земја не смее да „се кити“ со името Македонија, па ни поранешната југословенска Република, вели тој.

„Име во кое ќе се споменува зборот Македонија не доаѓа предвид. Тие луѓе немаат апсолутно ништо со македонската нација и со македонската историја, туку само ние. Таа држава, според мене, е вештачка држава, иако нејзините жители се дефинираат како Македонци“, вели Костас за Дојчландфунк.

Протести во Солун: „Македонија е грчка“

01:37

This browser does not support the video element.

Слично како Костас размислуваат и повеќето други Грци и Гркинки, покажуваат анкетите. По демонстрациите во Солун во јануари и во Атина во февруари, денеска граѓаните повторно ќе излезат на улиците во 24 градови, повеќето во грчкиот регион Македонија.

Организаторите се надеваат дека и овојпат ќе излезат стотици илјади, ако не и милиони граѓани, со цел да испратат јасен сигнал. 

Решение- еднаш и засекогаш

Протестите добија поддршка од повеќето грчки градоначалници. Исто така и од грчката православна црква, која ги повикува верниците да излезат на протестите. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во последното интервју, сепак одлучно порача дека преговорите ќе продолжат и покрај протестите.

Протести во Солун во јануари годинаваФотографија: Getty Images/AFP/S. Mitrolidis

„Организаторите мора да увидат каков развој имаше во последните 25 години околу името на соседната земја. Тие треба да ги отворат очите и ушите и да сфатат дека и помагаме на нашата земја со тоа што ќе ја ослободиме од овој метафизички стар товар и ќе можеме да се ориентираме кон иднината“.

Целта на грчката влада, заклучува Дојчландфунк, е име за севкупна употреба како Нова, Горна или Северна  Македонија, кое ќе биде закотвено и во Уставот и со тоа еднаш засекогаш ќе се избрише уставното име „Македонија“ за домашна и надворешна употреба еднаш и засекогаш.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми