1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Грција: Задолжителна вакцинација за здравствените работници

БГ /АП
12 јули 2021

Во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, грчката влада воведува ограничувања и казни за оние кои не се вакцинирани. Здравствените работници веќе немаат право на избор.

Griechenland l Premierminister Kyriakos Mitsotakis
Фотографија: Hazem Turkia/AA/picture alliance

Здравствените работници во Грција ќе бидат суспендирани од работа доколку одбијат да се вакцинираат согласно новите правила кои ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Вработените во домовите за нега ќе бидат суспендирани доколку не закажат вакцинација до 16 август годинава, а од септември истото ќе важи и за сите вработени во државното и приватното здравство.
Од петок, 16 јули, до крајот на август, само вакцинирани лица ќе смеат да влегуваат во објекти од затворен карактер како барови, кина, театри или шопинг центри.

„По една и пол година, никој повеќе не може да тврди дека не знае за вирусот. Не можеме да дозволиме земјата повторно да се затвори поради однесувањето на некои луѓе. Не е во опасност Грција, туку невакцинираните Грци“, рече Мицотакис.

Од крајот на јуни повторно растат бројките на новозаразени во земјата, делумно поради невнимателноста на граѓаните, а дел и поради новата Делта варијанта. Нешто повеќе од 40% од граѓаните досега се целосно вакцинирани, но интересот кај останатите опаѓа последниве недели. Од четврток ќе можат да се вакцинираат и малолетници над 14 години со согласност од нивните родители.
Мицотакис рече дека „99% од оние кои се на интензивна нега не се вакцинирани“. Грчкиот премиер најави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна и за воените регрути.

За добро туристичко лето не се доволни само песок и море

02:01

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми