1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Парична казна за невакцинираните Грци над 60 години

СН/агенции
17 јануари 2022

Сите Грци постари од 60 години кои и натаму нема да се вакцинираат против коронавирусот, ќе бидат казнети со 50 евра во јануари, а од февруари со по 100 евра месечно. Законската регулатива за тоа стапи во сила по полноќ.

Задолжителна вакцинација за помладите од 60 години во Грција нема да има, порача премиерот Мицотакис
Задолжителна вакцинација за помладите од 60 години во Грција нема да има, порача премиерот МицотакисФотографија: Giorgos Kontarinis/ANE Edition/imago images

Во Грција денеска стапи во сила законската мерка за плаќање парична казна за лицата постари од 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Од околу 300.000 граѓани ќе биде побарано да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец, доколку лицето остане невакцинирано, казната ќе изнесува 100 евра.

Атинската новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, пренесе дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години се веќе вакцинирани или закажале термин за вакцинација.

Според истите извори, благодарејќи на задолжителното вакцинирање за лицата над 60 години, процентот на вакцинирани во оваа група, која спаѓа во најзагрозените, е зголемен за речиси 10 насто.

Имено, во оваа старосна група се вакцинирани или имаат термин за вакцинација 2.761.838 граѓани, додека од 30 ноември, кога беше најавена казната од 100 евра, бројот на лица кои се одлучиле за вакцинација достигнал 217.000. Со тоа стапката на вакцинација во оваа старосна група се искачи на 90 проценти. 

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис ја исклучи можноста за воведување задолжителна вакцинација за другите старосни групи, бидејќи, како што рече, пред сѐ постарите граѓани потешко заболуваат од Ковид-19 и мора да бидат лекувани во болниците. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми