1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција го заострува ставот кон Албанија поради грчкото малцинство

19 ноември 2003
Грчката влада дополнително го заостри ставот кон Албанија,отфрлувајќи го вчера нејзиното официјално ветување за истрага поради малтретирањето на грчкото малцинство и казнување на извршителите. Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Папандреу остро побара од ЕУ официјално да ја предупреди Албанија и да биде строга кон неа во започнатите преговори за Спогодба за стабилизација и асоцијација.

Причината за заострувањето на ставот на Атина е што во текот на повтореното гласање на локалните избори во неделата во Албанија во подрачјата населени со грчко малцинство дошло до сериозни инциденти,какви што имало и во првиот круг,па Папандреу се прашува која е вистинската цел на владата во Тирана.

Атинските медиуми известуваат дека владеачките албански социјалисти ги фалсификувале изборите во грчкото малцинско подрачје,некои грчки кандидати биле претепани,а еден прободен со нож пред камерите.Сето тоа се толкува како притисок заради иселување на малцинските Грци во Грција.

Амбасадорот на Албанија во Грција Башким Зејнели на свое барање се сретнал со заменикот грчки министер за надворешни работи Тасос Јаницис,пренесувајќи ги желбите на Албанија за зачувување на добрите меѓусебни односи,но наишол на ставот-намерите на владата на Нано ќе бидат оценувани според постапките,а не според декларациите.

Дел од грчките весници заострувањето на ставот на Атина кон Тирана го поврзува и со минатонеделниот напис во германскиот весник "Шпигел" за подготовка на албанскте екстремсити со оружен бунт во пролетат 2004 година да отцепат дел од Грција и да го присоединат кон Албанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми