1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција: Жестоката борба донесе неизвесност

ЕМФ/дпа19 мај 2014

Возбудливи локални избори во Грција, кои се одржуваат непосредно пред европските избори - опозициониот левичарски сојуз Сириза води во Атина. Владината коалиција добра во провинцијата.

Фотографија: Reuters

На една недела пред европските избори, владеачките конзервативци и социјалистите во Грција водат жестока борба на локално ниво. Изборите одржани вчера (18.05) не донесоа јасен однос на силите. Во Атина поентираше левичарскиот сојуз Сириза, но голем број гласови имаат и десните радикали. Во провинцијата е забележлива доминација на партиите на власт.

По пребројани 95 проценти од гласовите, не се потврди прогнозата дека Сириза на Алексис Ципрас јасно ќе победи на локалните избори. Одзивот на избирачите изнесува 61,4%, соопшти грчкото Министерство за внатрешни работи.

Алексис ЦипрасФотографија: AFP/Getty Images

Грчкиот премиер Андонис Самарас позитивно го оцени резултатот на неговата Неа Демократија и потсети: „Наредната недела се одржуваат европски избори.“ Тогаш Грците треба со совојот глас да придонесат земјата да „напредува со стабилен чекор“ и да не западне повторно во криза. Ципрас, пак, одговори: „Наредната недела нашиот глас ќе ја промени земјата.“ Европските избори ќе бидат „референдум за програмата за штедење“, нагласи Ципрас. Весникот близок на Сириза, „Контра њус“, напиша: „Народот и Алексис победија, Тројката треба да си ги спакува куферите“.

Андонис СамарасФотографија: picture-alliance/AP Photo

Во најголемиот дел од големите градови во Грција ќе се одржи втор круг гласање за градоначалници. Локалните избори се сметаат за тест за владата на Самарас. Аналитичарите предвидуваат уште една недела жестока кампања, по која следува трка рамо до рамо на владиниот политички камп и сојузот Сириза.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми