1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција меѓу „греферендум“ и „грекзит“

афпд/мт/јес4 јули 2015

Денот на одлука се ближи. Со утрешниот референдум во Грција, од банкрот загрозената земја се движи кон непозната иднина.

Фотографија: Reuters/Y. Behrakis

Утрешното граѓанско изјаснување на Грците конечно може да одлучи дали земјата може да остане во еврозоната или да се откаже од заедничката валута. Преглед на претстојните денови меѓу „греферендумот“ и опасноста од „грекзит“.

Недела 5. јули:

Грците на референдум гласаат за предлогот на доверителите, кој владата во Атина веќе го отфрли, иако и самиот предлог стана безпредметен со крајот на програмата за помош во вторникот. Гласачките места отвораат во 7 часот по локално односно 6 часот по средноевропско време а затвораат во 19 часот (18 часот средноевропско време). Кога можат да се очекуваат веродостојни резултати е непознато. Ако тоа се одвива брзо и исходот е јасен, можно е веќе вечерта да дојде до првични советувања- најверојатно преку телефонска конференција- меѓу министрите за финансии од еврозоната, за да се оцени исходот на референдумот.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Giannakouris

И Европската Централна Банка би можела да оцени дека е повикана да решава за натамошно снабдување на грчките банки со итни кредити. Како последно ЕЦБ одлучи повеќе да не ја зголемувва помошта, на што Атина реагираше со воведување на контрола на протокот на капитал и мораше да го ограничи подигањето на готовина за своите граѓани на 60 евра на ден.

Понеделник 6. јули:

И меѓународните финансиски пазари ќе реагираат на исходот на референдумот. Доколку победи опцијата „Да“ за предлозите на доверителите, левичарската влада во Атина мора од своја страна да спроведува политика, која самата ја отфрла- или да се повлече и да распише нови избори. При победа на „Не“, подготвеноста на земјите од еврозоната за натамошни разговори околу помошта за Грција не би била премногу голема, зашто пари од Европејците може да има само под услови на реформи и штедење. Покрај советувањата на министрите за финансии , во деновите по референдумот не е исклучен ниту нов вонреден самит на шефовите на држави или на влади.

Вторник 7. јули:

Грчките банки, онака како што стојат работите досега, повторно би биле отворени. Имено владата го одреди времетраењето на контролите на протокот на катипатл до 6. јули. Што ќе се случува понатаму, веројатно ависи од ЕЦБ и од тоа дали таа повторно ќе го зголеми итното снабдување со кредити, со цел грчките банки да добијат свежи пари.

Петок 10. јули:

Краткорочни државни обврзници во вредност од две милијарди евра ќе доспеат за отплата. Со оглед дека нив најчесто ги поседуваат приватани доверители, отпаѓањето на отплатата ќе влијае врз оценката за тоа дали Грција е банкрот. Зашто неотплатените долгови кон приватните доверители за големите агенции за кредитен рејтинх претставуваат одлучувачки критериум , за една држава да ја прогласат за платежно неспособна.

Понеделник 13. јули

Следната редовна средба на министрите за финансии од еврозоната во Брисел. На истиот ден Атина всушност мора да му отплати натамошни 455 милиони на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ). Грција кај ММФ веќе доцни со отплата на долгот, откако на 30. јуни не ги врати доспеаните 1,5 милијарди евра.

Понеделник 20. јули:

Сеге ќе биде доспеана за отплата најголемата рата во јули: Атина би морала на Европската Централна Банка да и уплати 3,5 милијарди евра.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми