1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција повторно закочена од штрајкови

ЖА
16 мај 2017

Новите кратења на пензиите и зголемените даноци се причина грчките синдикати за утре да закажат генерален штрајк, кој ќе ги вклучи авионскиот и бродскиот сообраќај. Грчките морепловци и новинарите не работат од денеска.

Griechenland Streik Streikaufruf
Фотографија: DW/J. Papadimitriou

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговата левичарска влада се ставени на нова проба: грчките бродари и новинари денеска стапија во штрајк, еден ден пред генералниот штрајк закажан во знак на протест поради новите мерки за штедење што Грција планира да ги воведе за кредиторите да ѝ ослободат нова транша од заемот.

За време на 48-часовниот штрајк, ќе бидат запрени траектите што возат до островите, а новинарите одржуваат еднодневен штрајк, во кој утринава прекинаа да емитуваат телевизиска и радио-програма. За утре синдикатите свикаа генерален штрајк, кој ќе ги погоди услугите во земјата, од школите и од болниците до јавниот сообраќај. Контролорите за летање најавија дека ќе се приклучат со четиричасовен прекин на работата.

На штрајк повикаа трите грчки големи синдикати од приватната и државната сфера. Причина е новиот договор со грчките меѓународни доверители, според кој се воведуваат нови даноци и намалување на потрошувачката и по истекот на програмата за помош во 2018 година. Мерките за заштеда се во висина од 4, 9 милијарди евра. Без нив, Грција не би можела да ги добие новите пари, кои ѝ се потребни да избегне банкрот во текот на летото, кога на ред доаѓаат големите рати од долгот во висина преку 7 милијарди евра кон Европската централна банка и ММФ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми