1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција предлага договарање рамка за преговорите за името

ЖА/миа/макфакс 4 октомври 2012

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос предлага потпишување на меморандум за разбирање во кој е посочена рамката во која се движат преговорите со цел побрзо постигнување на решение за името.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Аврамопулос денеска го испратил писмото и меморандумот за разбирање до шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Целта на меморандумот, според писмото, е да се најдат заеднички точки со цел преговорите квалитатативно да помогнат за продолжување на преговорите.

Писмото од шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос е добиено и ќе биде разгледано, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

„Можам да потврдам дека писмото од страна на грчкиот министер Аврамопулос е добиено од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тоа ќе биде разгледано со должно внимание и сериозност“, изјави Ѓорѓиев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Писмото, додаде тој, е добиено вчера во доцните вечерни часови, така што треба време да биде разгледано. 

Портпаролот на македонската влада рече дека предлогот ќе се разгледа со должно вниманиеФотографија: MIA

Предложениот Меморандум за соработка од Грција до Македонија не е замена за Времената спогодба, појасни портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас.

Целта на предлогот, според Делавекурас, е да даде нов моментум во разговорите за името, чија крајна цел би било изнаоѓање взаемно прифатливо решение. Тој очекува позитивен одговор од македонска страна.

„Меморандумот за разбирање што го предлагаме не е замена за Времената
спогодба. Времената спогодба, како што е наведено во нејзините одредби, е договор што ќе биде во сила сe‘ додека една од страните не се повлече. Поради тоа, сe’ уште е во сила. Покрај тоа, чекорот што ние го правиме во овој момент е еден позитивен чекор чија цел е да даде моментум на процесот. Она што сакаме да го видиме е владата на соседната земја да одговори позитивно. Во заеднички интерес е за двете земји да постигнеме решение и поради тоа треба да комуницираме. Очигледно е дека треба да комуницираме врз основа на фундаментални параметри за она што дискутираме, за резултатот по кој трагаме: изнаоѓање заедничко прифатливо решение за името. Ова е јасно наведено во предложениот Меморандум и би сакал да верувам дека ќе добиеме позитивен одговор, бидејќи ќе биде од корист за двете земји“, рече Делавекурас денеска на брифинг со новинарите.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми