1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција се изолира со ограда среде море

Патрик Гросе
30 јануари 2020

Многу земји во светот користат огради и ѕидови за да се заштитат од бегалци. Досега тоа можеше да се забележи на копнената граница меѓу две држави. Грција сега воведува нови мерки - ограда среде море.

Athen will Grenzüberwachung ausbauen
Фотографија: picture alliance/dpa/K. Nietfeld

Грција сака да се бори против напливот од бегалци на своето крајбрежје со помош на „лебдечки заштитни системи“. Грчкото министерство за одбрана објави тендер за инсталација на механизми во Егејско Море кои во „итни случаи“ би се користеле против бегалци кои доаѓаат од соседна Турција. Се работи за „бариери или мрежи“ со должина од три километри кои треба да бидат поставени од страна на грчката армија.

Прво се планира проба, вели министерот за одбрана Никос Панајотопулос. „Сакаме да видиме дали ќе функционира и каде и дали ќе може да биде користено такво решение", вели Панајотопулос за телевизијата Скај.

Системите, според информации на властите, треба да излегуваат до половина метар над морето и да бидат опремени со светла-трепкачи. Проценката за трошоците за проектот, според тендерската документација, е околу половина милион евра. Други детали не се содржани.

Повеќе:

Грција ги става бегалците под надзор

Прифаќање на сите бегалци не е решение

Европа ги заборави жителите на Лезбос

Армијата во акција против бегалците

Во следните месеци грчката влада сака да ангажира уште 1200 нови гранични полицајци кои треба да се справат со миграцијата од Турција. Првите 400 места се веќе објавени, известува новинската агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Министерството за заштита на граѓаните во Атина. Според истиот извор, овие 400 граничари треба да бидат поставени долж грчко-турската гранична река Еврос. За неколку недели треба да се објават уште 800 места за граничари кои би биле ангажирани на островите во источниот Егеј, објави државната телевизија ЕРТ исто така повикувајќи се на извори во Министерството за заштита на граѓаните. Од 2015 година Министерството добива логистичка поддршка за справување со задачите што произлегуваат од приливот на бегалците.

Премногу луѓе на премалку простор: бегалскиот камп во ЛезбосФотографија: picture-alliance/dpa/A. Tzortzinis

„Нехумани“ услови во грчките бегалски кампови

Минатата година Грција беше земјата со највисок број на пристигнати бегалци во Европа. Според податоците од организацијата на ОН за бегалци - УНХЦР, бројот на мигрантите во 2019 кои пристигнале од Турција е значително зголемен. Ако во 2018 година бројката беше 50.000, бројот на илегално преминати мигранти од Турција во 2019 се зголеми на 74.600. Повеќе од 40.000 луѓе во моментов се наоѓаат во пренатрупаните бегалски кампови на грчките острови. Всушност овие кампови имаат капацитет за околу 6200 луѓе. Хуманитарните организации во изминативе месеци критикуваа дека условите таму се неподносливи и нехумани.

По заострувањето на процедурите за азил и престој за бегалците во Грција, конзервативната влада на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да го забрза и враќањето наза на луѓето на кои „не им е потребна меѓународна заштита“ или чии барања за азил се одбиени. Организациите за заштита на човекови права остро се спротивставуваат на ваквите мерки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми