1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Атина со вербална нота до Берлин поради репарациите

ЕМФ / дв
5 јуни 2019

Грција официјално ја повика Германија на преговори околу репарациите за штетите во Втората светска војна. Од Атина се вели дека до Берлин е испратена дипломатска вербална нота.

Griechenland Parlament in Athen Abstimmung Reparationsforderungen an Deutschland Alexis Tsipras
Фотографија: Reuters/G. Baltas

Атина ја најави дипломатската вербална нота - вообичаено писмено известување од друга држава испратено до германското Министерство за надворешни работи - уште на крајот на април. Тогаш грчкиот парламент ѝ даде задача на владата на премиерот Алексис Ципрас да побара обесштетување од Германијаза злосторствата сторени во текот на Втората светска војна. Во 2016 година експертска комисија дојде до заклучок дека таа отштета би требало да изнесува речиси 290 милијарди евра.

Ципрас изјави дека по истекот на програмите за помош за земјата, која беше пред банкрот, сега е вистински момент за барање обесштетување. Нему му е важно да најде решение со Германија на рамноправно ниво и пријателски.

Репарациите за грчкото население се од особено значење, „морално, како и материјално“, се вели од грчкото Министерство за надворешни работи.

ПовеќеГрција ѝ должи на Германија милијарди - или обратно?

Берлин уште еднаш отфрли повисоко обесштетување за Атина поради германските злосторства во текот на Втората светска војна. Германската влада аргументира дека сите финансиски побарувања на Грција од тоа време се задоволени. Тоа важи и за побарувањата кои се упатуваат од грчка страна поради еден кредит кој грчката држава била принудена да ѝ го даде на нацистичка Германија во 1942 година, со кој нацистите официјално ги финансирале своите „трошоци за окупацијата" на Грција. Во 1960 година Германија на Грција и исплатила обесштетување од 115 милиони марки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми