1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Грција ќе им даде втора шанса на невакцинираните медицинари

БГ /РТР
2 септември 2021

Грчката влада им понуди на невакцинираните здравствени работници втора шанса да се имунизираат од ковид-19, доколку сакаат да се вратат на работа. Досега се суспендирани 6.000 вработени.

Griechenland | Proteste von Impfgegnern in Athen
Фотографија: Eurokinissi/ZUMA/picture alliance

Речиси 6.000 здравствени работници се суспендирани откако го пропуштија последниот рок на 1 септември да примат барем една вакцина против коронавирусот. Стотици од нив во четвртокот одржаа петчасовен штрајк и излегоа на улиците на Атина и други градови по вторпат за помалку од еден месец на протести против новото правило.
Претставник на синдикатот на вработените во болниците вели дека на 10.000 невакцинирани здравствени работници им се заканува суспензија, што би можело да го отежне работењето на здравствените установи, кои и онака кубурат со персонал.
„Напорно работевме за време на пандемијата и го добивме ова“, вели Ана Хариту, вработена како бабица во болница во Атина, се до суспензијата во средата.

Во обид да ја ублажи кризата, владата во четвртокот соопшти дека ќе го смени законот за да им овозможи на работниците да се вратат на работа доколку во следните денови примат барем прва доза вакцина. За да продолжат да работат понатаму ќе мора целосно да се вакцинираат.
Околу 53 отсто од грчкото население е целосно вакцинирано, а властите се надеваат дека ќе успеат да ја подигнат таа бројка до 70 проценти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми