1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката борба за еден ресурс

10 април 2019

Морето во Грција е повеќе од само вода и плажи. Тоа е културно богатство и економски простор. Тоа полека го препознаваат и луѓето: овој ресурс мора да биде заштитен.

Plastikmüll
Фотографија: DW/F. Schmitz

Ова е еден од првите топли пролетни денови во Епаноми, едно крајбрежно градче во близина на Солун. На четири километри долгата плажа Потамос има и неколку капачи. На лето тука е преполно со туристи – оставајќи го ѓубрето зад себе. И не само овде, туку и на многу други плажи во Грција расфрлани пластични кеси, картонски чаши за кафе, конзерви од пиво и отпушоци од цигари се вистински проблем. „Ситуацијат сега уште е поднослива", вели Англер кој тука доаѓа редовно. "Но дојдете во текот на летото. Тогаш човек не може да се спаси од ѓубре."

Многу луѓе во Грција повеќе не сакаат да го прифатат ова. Низ многу места во земјата преку приватни иницијативи се организираат акции за чистење на плажите, меѓу кои и во Потамос. Околу 50 луѓе се собраа викендот за да го расчистат крајбрежјето од несаканите остатоци од смет. „Државата и општините не се грижат за проблемот со ѓубрето. Има многу малку контејнери, а и тие не се празнат редовно", се жали една мајка која дојде со своите деца.

Патриотизам со фактор на оддржливост

Се повеќе луѓе во Грција сакаат активно да се вклучат во заштита на природата. Со тоа тие го поддржуваат новиот тренд кој во моментов се шири преку социјалните мрежи. Под хаштаговите како #beachcleanup или #trashtag луѓето ја објавуваат во јавност својата активност против загадување на животната средина. Меѓу нив се и Марио и Кристина Бакарис. Тие се организатори на таканаречените „чистења на плажи" во Епаноми. Марио е роден во Берлин како дете на грчки гастарбајтери. Веќе две години со сопругата и децата живее во Солун. Тој ужива во татковината на своите родители. Но, ниската свест за заштита на природата му предизвикува главоболка: „На многу луѓе им е убаво тука. Но мислам дека се големи очекувањата од државата поради што не се подготвени нешто да преземат и сами. Човек сака да му е убава околината. Но, за многумина ова е едноставно одговорност на општините."

Фотографија: DW/F. Schmitz

За Марио и неговата сопруга тешко овој менталитет да се помири со гордоста на Грците. И тие ја сакаат земјата и уникатната природа. Но за него е загатка како на протести против договорот за името со соседната земја Северна Македонија излегуваат стотици илјади луѓе, а во акцијата за чистење на плажите само стотина. Токму затоа се радува дека се повеќе луѓе го следат нивниот повик и го трошат нивниот слободен ден за чистење на плажите.

Заштита на природата и демократија

Јоанис Гиовос, соработник на иницијативата за заштита на морињата iSea во Солун, се радува на ваквите акции. „Тука не станува збор само за заштита на природата, туку и за тоа граѓаните да преземат одговорност. Во Грција низ историјата ние пер се сме против државата и власта. Но, тоа мора да прекине за нештата да се подобрат."

Овој менталитет се отсликува и во третманот на морињата. Секако тие имаат висока вредност како културно благо. Но, се работи за акт на баланс меѓу љубовта и навиките,особено кога станува збор за заштитата на животната средина, смета неговиот колега Никос Думпас: „Грците го сакаат морето, но за нив се подразбира дека може да се капат во чиста вода." Но тие се уште си го оставаат своето ѓубре на плажите. Надвор од умот? Со цел да му се спротивстави на овој менталитет, iSea организира едукативни програми со кои сака пред се да ги сензибилизира младите луѓе за активна заштита на животната средина.

И покрај тоа што на меѓународно ниво водата во Грција е висококвалитетна, сепак пластичниот отпад и канализацијата се огромен проблем за грчките води. Европските закони донесоа благо подобрување, вели Гиовос. Но менталитетот за фрлање отпадоци насекаде може само делумно да се контролира со законските мерки. Тука пред се е потребно преземање лична одговорност. „Во Грција многумина се уште сметаат дека фрлање малку ѓубре не претставува проблем. Тие им ја префрлаат одговорноста на големите компании или на политиката. Но за промена на менталитетот е потребно време.

Морето како економска зона

И Стела Кувело сака повнимателен пристап кон морето. Професорката по економија на атинскиот Универзитет Пантеон со години се занимава со морето како ресурс. Таа ја поддржува иницијативата "Син раст", која беше покрената во 2012 година од Европската комисија, со цел европските мориња да бидат искористени како можност за економски раст и бизнис. Во Грција има над 16000 километри крајбрежје. Всушност земјата мора да биде предводник на развојот на оддржливи стратегии за експлоатација на овој ресурс, бара Кувелу.

Фотографија: DW/F. Schmitz

„За грчката економија просторното планирање на морињата е се поважно бидејќи е директно поврзано со развојот и конкурентноста на клучните сектори преку искористување на изворите на енергија, подводни кабли и гасоводи за снабдување со енергија не само за Грција, туку и за целата ЕУ." Дополнително на тоа е и развојот на крајбрежните места како производствени локации, развој на туризам и промоција на вредни природни ресурси, како на пример земјен гас, за кој се верува дека се наоѓа на брегот на Кипар. „Еден гасовод од кипарскиот брег преку Јонското море се до континентална Европа би ставил крај на зависноста од гас од Русија", објаснува Кувелу.

За сите овие ресурси да се искориста потребен е ефикасен менаџмент во форма на "морско просторно планирање". Но, ова често пропаѓа поради недостаток на соработка помеѓу надлежните органи. Министерствата и засегнатите интересни групи постојано се во меѓусебен конфликт. При тоа морето е еден предизвик што оди подалеку од интересите на земјата – особено во однос на долготрајниот конфликт со Турција. Се работи за заедничка одговорност – политичка, економска и еколошка. „Морето истовремено не обединува и не разделува. Создава синергии и конфликти."


 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми