1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција беше предодредена за сериозна економска криза

Каролајн Шмит/бг14 мај 2016

Твитер легендата "The Greek Analyst" во интервју за ДВ говори за грчката должничка криза, можниот излез од неа и неговите омилени Твитер кавги со познати политичари. Со него разговараше Каролајн Шмит

Фотографија: picture-alliance/dpa/HBO Enterprises

„Грчкиот аналитичар“ "The Greek Analyst" ја анализира, а често и се подбива со грчката политика откако Атина дојде на чекор од напуштање на еврозоната. Со нас разговараше околу корените на проблемот, начините за негово решавање, Јанис Варуфакис, грешките на ЕУ- и зошто грчката драма нема наскоро да заврши.

ДВ: Г-дине Грчки аналитичар, кој сте вие и зошто ви е потребна анонимноста?

„Грчкиот аналитичар“ беше создаден случајно во многу немирни времиња, пред грчките парламентарни избори во јануари 2015 година, со намера да овозможи независен и прецизен поглед на грчката политичка економија. Бројот на моите следбеници експлодираше некаде во летото 2015, токму пред референдумот, затоа што сите беа заинтересирани за Грција.

Секако, анонимноста не помага многу, но е неопходна во време кога грчката јавна сфера и владата станаа огорчени и екстремни во обидот да ги замолчат сите центристички гласови.

Мојот најгорд момент на Твитер беше кога ме нарече „налик на Тројката“.

ДВ: Како би му ја објасниле грчката должничка криза некому надвор од Европа?

Грчката должничка криза е добар пример што се случува кога политичките ограничувања и кусогледост триумфираат врз основната економија и долгорочниот економски просперитет, во тек на подолг временски период. Токму затоа кризата стана „вечна“, враќајќи се на неколку месеци, со нови и уште полуди 'епизоди' во серијата, наместо природно да се смири по некое време.

Грција претставува помалку од два проценти од БДП на Европската Унија. Во суштина, тоа секогаш бил извонредно решлив проблем за европските држави доколку делуваат колективно во однос на економијата. Но, недостатокот на силна политичка волја (како на домашен терен, така и на ниво на ЕУ) прави целиот проблем да изгледа нерешлив, дури и кога ќе помислите дека решението е на дофат.

Дури ни гледањето на омилените карактери како одново умираат во серијата Игра на Тронови не ви остава толку горчливо чувство во устата како што тоа го прават повторените епизоди на грчката кризна драма.

ДВ: Кој е вашиот омилен Твит кој најдобро ја опишува состојбата во Грција?

Тоа е тешко прашање! Нема еден единствен твит кој доволно добро го опишува лудилото на грчката криза. Можеби твитот на Том Нутал со ликот на Барт Симпсон кој ја испишува целата табла со реченицата: 'Не ме лажете со неосновани гласини за Грција' е најдобар. Мислам дека тоа е добра лекција за секого, лекција која не смееме да ја заборавиме додека се подготвуваме за новите чинови во грчката кризна драма.

ДВ: Ќе и беше ли подобро на Грција доколку не се приклучеше на еврото?

Апсолутно не. Еврото беше благослов за земјата, благослов кој, за жал, Грција спектакуларно не успеа да го искористи. Постои еден мит кој кружи низ Грција, меѓу псевдо-академските кругови во странство и меѓу поранешните грчки министри за финансии познати по своите големи ега, кожени јакни и очајно владеење, кои тврдат ќе ни било подобро со драхмата. Но тоа е погрешно и покажува нула разбирање за грчкиот контекст и за основните структурни проблеми кои доведоа до грчката должничка криза.

Да се обидам да ви појаснам: Грција беше предодредена да и се случи сериозна економска криза без оглед на нејзината валута. Неограничен етатизам, крони капитализам, корупција, неспособност, популизам, даночна евазија, зависност од задолжување, економски и демократски илиберализам, сите постоеја и беа распространети во Грција и претходно. Беше прашање на време кога Грција ќе се соочи со тешка економска и политичка криза, а не прашање на валутата.

ДВ: Што научивте за својата земја и за перцепцијата за неа во Европа од 2010 наваму?

Сфатив дека на Грција и е многу тешко да ги признае сопствените грешки и преземе било каква форма на колективна самокритика. Но истото може да се каже и за европските партнери од 2010: Тие се уште одбиваат да ги прифатат сопствените грешки во однос на пакетите за спас на Грција, туркаат ризични политики кои не носат суштински решенија за земјата, и се уште не се ослободиле од идејата дека сите Грци се мрзливи и заслужуваат да бидат казнети за грешките од минатото, до бескрај. Малку самоанализа ќе ни помогне на сите!

Владата на Ципрас усвои нови мерки за штедење

00:57

This browser does not support the video element.

ДВ: Има ли крај на повидок?

И да и не. Доколку историјата на грчката не учи нешто, тоа е дека грчката драма се уште не е завршена. Можеби станав поциничен по последните чинови од драмата, но верувам дека нештата ќе станат многу полоши, пред да се подобрат. Владата на Сириза не го искористи позитивниот пресврт во економијата кон средината на 2014, туку само ги зајакна условите за рецесија откако дојде на власт, и наместо да имплементира структурни реформи, започна со незапирлив пир на прекумерно оданочување.

Да ја парафризам познатата поговорка: Во Грција, ништо не е сигурно освен смртта, даноците и уште повеќе даноци откако ќе умрете. Оттука, не, нештата не изгледаат добро во блиска иднина. Секако, ништо не е готово додека не запее дебелата госпоѓа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми