1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката црква: БПЦ да не се меша во јурисдикцијата на СПЦ

16 декември 2017

За Грчката црква, одлуката на Бугарската црква да ја преземе улогата на мајка-црква на Македонската православна црква-Охридска патријаршија, е мешање во јурисдикцијата на Српската црква.

DW Griechenland - Transgesetz
Фотографија: DW/F. Schmitz

Светиот архиерејски синод на Грчката црква побара од Бугарската православна црква да ја преиспита одлуката за преземање на улогата на мајка - црква  на, како што вели, расколничката црква на „Македонија“.
Според највисокото тело на Црквата на Елада, ваквиот потег на БПЦ би претставувал мешање во јурисдикцијата на Српската православна црква.

Повеќе на темата: 

Ковачев: БПЦ да ја прифати подадената рака од МПЦ

Славов: БПЦ има обврска да ѝ помогне на МПЦ

Не стануваме Бугари ако БПЦ нѐ признае како мајка-црква


„Светиот синод изразува загриженост поради фактот на мешање со таа одлука на Бугарската православна црква во јурисдикцијата на друга православна црква, односно на Српската православна црква, чин којшто е спротивен на Светите канони и на Преданието на црквата, со што ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенската патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија. Светиот Синод се моли да преовладее совеста и одлуката на сестринската Бугарска православна црква да не биде спроведена“, соопштуваат од Светиот архерејски синод на Грчката православна црква. 
Светиот синод на Бугарската православна црква на седница на крајот на ноември одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква, по нејзино претходно писмено барање. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми