1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчките протести се проширија и врз западните метрополи

Панајотис Купаранис9 декември 2008

Акцијата на демонстрантите во грчкиот конзулат во Берлин помина без насилство, но даде знак дека социјалното незадоволство во Грција има подлабоки корени.

Грчкиот конзулат во Берлин под опсада на демонстрантитеФотографија: picture-alliance/dpa

Спектакуларното запоседнување на грчкиот конзулат во Берлин заврши на мирен начин. 22-те млади лица, мажи и жени меѓу 20 и 25 години, ја напуштија зградата на грчкиот конзулат. Тие беа следени од повеќе новинари но и полицајци кои беа воздржани. Кратко потоа групата млади исчезна во божиќниот метеж на плоштадот Витенберг. Демонстрантите го запоседнаа конзулатот во 9 часот и 30 минути, период од денот во кој започнува работата со странки. Во објектот влегоа 16. мажи и 6. млади жени, кои со овој чин сакаа да го изразат својот револт за убиството на 15-годишниот Александрос Андреас Григоропулос. Деветнаесет од демонстрантите беа со грчко државјанство.

Еден од нив објаснува дека акцијата била изведена како знак на солидарност со социјалните безредија во Грција. Тие сакале да го привлечат вниманието на јавноста и да покажат дека во Грција не е реткост да се тврди дека некој куршум залетал: „Дали тој ќе го погоди некој бегалец или 15-годишно момче во Атина не е важно. Вакво нешто се случува во грчката држава. Вакви протести имаше и порано во Грција но не со овие размери. Меѓутоа ова е прв пат да се запоседне грчко дипломатско преставништво во странство„ изјави еден од демонстрантите во Берлин.

Одраз на лошата социјална слика во Грција

Претседателката на германско-грчкото здружение, Сигрид Скарпелис-Шпек, смета дека ваквите настани ја отсликуваат лошата социјална атмосфера во Грција. Таа смета дека се работи за фрустрација на млади луѓе кои речиси да немаат перспектива и можност за работа. Другата страна на проблемот според нејзе е во политичката немоќ околу корупциските скандали, кои зачестија во последниве години, а најмногубројни беа годинава.

Грчките дипломати инаку потврдија дека младите што го запоседнаа конзулатот не употребиле никаква сила, а нивното однесување било „коректно“. Демонстрантите претходно одбиваа да ја напуштат зградата на конзулатот, во услови кога објектот беше под опсада на полицијата. Со посредништво на грчките дипломати во конзулатот биле консултирани двајца адвокати, кои во име на демонстрантите преговарале со државното обвинителство и со полицијата. Правникот Свен Линдеман, објаснува дека германските полицајци не дејствувале бидејќи немале соодветна дозвола. Во меѓувреме било соопштено дека нема да биде поднесено ниту барање за кривично гонење на демонстрантите. Тоа го ветиле грчкиот амбасадор и грчкиот конзул во Германија. Се очекува тоа да биде доставено и по писмен пат. Ваквиот развој на настаните според адвокатот Линдеман не дале никаков повод за акција на германската полиција.

Фотографија: picture-alliance/ dpa

Ваквиот став на правниците е согласно принципот на немешање на територијата на дипломатските претставништва. Во дадениов случај, германската полиција можеше да спроведе акција против лицата кои ја запоседнаа амбасадата, но само доколку тоа било побарано од грчка страна, што во случајот изостана. Токму поради тоа младите луѓе мирно се повлекоа и не направија штета. Во спротивен случај веројатно ќе имаше бунт. Инаку пред зградата на грчкиот конзулат беа собрани десетина симпатизери на т.н. „автономни“ анархистично радикална левица, кои покажаа солидарност со демонстрантите кои се наоѓаа во дипломатското претставништво.



Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми