1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Грчките шанси во корона-кризата

Омаира Гил
4 мај 2020

Пандемијата го одредува животот во Европа. Но, една земја се истакнува во сузбивањето на заразата – Грција. Влада ја држи ситуацијата под контрола, населението е дисциплинирано.

Griechenland Corona-Pandemie | Athen
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Tzortzinis

По десетгодишна криза во Грција имаше знаци на економско опоравување. Но, коронавирусот го прекина таквиот тренд. Здравствениот систем беше веќе исцрпен поради долгогодишните мерки на штедење. Поради тоа пандемијата во Грција можеше да има катастрофални последици.

Првиот случај на заболен во Грција е регистриран на 26 февруари, а првиот смртен случај на 12 март. До средината на месецот починаа уште 14 лица. Од тогаш јавниот живот во Грција е целосно запрен. Затворени се сите образовни институции, угостителски објекти, културни установи, продавници и паркови, како и плажи и спортски арени. Медиумите деноноќно го повикуваа населението да остане дома. Оние кои ги кршеа правилата мораше да се соочат со драстични казни.

„Мерките се воведени многу порано отколку во поголемиот дел западни земји," вели политикологот и економист Јоргос Пагулатос, кој е на чело на Фондацијата за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП). „Владата реагираше многу компетентно, ги слушаше советите на вистинските луѓе и носеше исправни одлуки," вели тој и додава дека грчката влада на вистински начин комуницираше со граѓаните и ги мотивираше да останат дома. Пагулатос вели дека подготвеноста на Грците да ги применат владините мерки е резултат на економската криза: „Грција речиси непрестајно беше во кризна состојба. Така што општетството беше многу подобро подготвено на вонредна ситуција“,  Тој нагласува дека речиси и не постои Грк кој не бил погоден од економската криза, па така е изграден „колективен имунитет против вообразеност “

Постарите лица се дел од семејството

Одредено влијание веројатно одигра и структурата на населението. „Мерките пред се беа насочени кон тоа постарите лица да преживеат. На поголемиот дел од Грците нивните постари членови на семејството им живеат во близина," вели Алексија Лијакунаку која предава на еден лондонски универзитет, а тема на нејзиниот докторат била токму структурата на грчкото општетсво. „Поголемиот дел од Грците сфаќаат до која мера оваа земја е лошо опремена за здравствена криза која може да избега од контрола", констатира таа.

Повеќе:

-Ковид-19: Грцијa етапно ќе ги ублажува рестрикциите

-Грчкиот пациент – десет години подоцна

-Страв од нов бегалски бран среде пандемија

На 15 април, 50 дена од избивањето на епидемијата, во Грција има регистрирано 2200 зразени и 102 смртни случаи. Италија на педесеттиот ден од првата инфекција имаше 41000 инфицирани и 3400 мртви, додека Шпанија броеше 17.200 заразени и 167 смртни случаи. Статистиките од интензивна нега исто така е индикатор за успешноста на одбрамбените мерки. Од првиот смртен случај во Гцрија во просек умираа по три лица дневно од заразата.

Економијата под притисок

Кризниот менаџмнет во Грција е добар, но економската цена може да биде голема. Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека во еврозоната Грција може да забележи најголем пад на БДП – дури десет одсто. Уште попесимистички се прогнозите на Организацијата за економска соработка и развој за можните економски последици од здравствената криза – според нив падот на БДП може да изнесува дури и до 35%. Стапката на невработеност пак од јануарските 16% може да се искачи на 26%.

Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gouliamaki

Марија Демерцис, заменик директор на бриселскиот тинк-тенк Бројгел смета дека на Грција ќе и биде потребна помошта од партнерите. Во тоа спаѓа и одлуката на Европската централна банка да ги прифати грчките државни обврзници како гаранција. Таа вели дека Грција имала „голем пех“ поради пандемијата, бидејќи земјата беше на граница да излезе од десетгодишната рецесија. Марија Демерцис нагласува дкеа сега е важно земјата да не го загуби реформскиот замав.

Пандемијата како шанса

Пагулатос во кризата од пандемијата гледа шанса, да се промени стопанството кое е претежно фокусирано кон туризам. „Кризата ја катапултираше Грција кон дигитализација. Тоа отвора можности да се надградат техонолошките сектори како што се ИТ безбедност и други онлајн услуги“.

Така дел од шалтерските услуги за кои во Грција било нормално да се чека во ред, преку ноќ се дигитализирани. Марија Демерицис вели дека во Грција може да стане важно производството на оддржлива природна енергија, бидејќи во земјата има голем потенцијал за тоа.

Владата од денес (04.05) чекор по чекор воведува олабавување на рестриктивните мерки. Сотирис Кордас, по природа е тивок човек е главниот епидемиолог на кој Грците му веруваат. Тој секој ден и се обраќа на нацијата во 18.00 часот со најнови информации за пандемијата. Неодамна ги заколна Грците да не попуштаат: „Ситуацијата е добра, но може брзо да излезе од контрола. Немој да станеме вообразени, немојте да го изложиме на ризик сето она што го постигнавме. Мораме и понатаму да го спречуваме ширењето на вирусот.„

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми