1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки министер: Илинденска Македонија не е на маса

БГ
22 мај 2018

Грчкиот министер за миграции Димитриос Вицас синоќа во интервју за телевизијата Скај го отфрли предлогот Република Илинденска Македонија, оценувајќи дека тој „не е толку на масата“ за преговори

Griechenland Verteidigungsminister Dimitris Vitsas in Athen
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/W. Aswestopoulos

Решение е можно само со географска или временска одредница, порача министерот Вицас кој е висок функционер на владејачката левичарска Сириза во Грција.
„Во суштина ова име (Илинденска, н.з.) не е толку на масата, работата е да се најде решение“, рече Вицас во интервјуто за Скај. Тој вели дека единствено добро во името Република Илинденска Македонија е што луѓето во Грција почнале да учат историја.

Како позитивен во целиот преговарачки процес, Вицас го оценува и фактот дека Македонија го прифатила принципот „ерга омнес“, односно име за севкупна употреба.

Тој вели дека ставот на грчката влада е оти конечното решение за името на соседната држава треба да содржи географска или временска одредница.

Заев верува во „Илинденска Македонија“

05:48

This browser does not support the video element.

Вицас ја обвини опозициската Нова демократија за „политикантство“ и дека не сака да се најде решение за името.

Отфрлање на името Република Илинденска Македонија денеска од Вашингтон меѓу редови го потврди и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Тој рече дека Грција поддржува име „кое се наоѓа на листата предлози на посредникот Метју Нимиц“. На таа листа веќе подолго време фигурираат предлозите Горна, Северна, Нова, Вардарска и Република Македонија (Скопје).

Коѕијас за спорот со името разговарал со американскиот помошник -државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел. Мичел од денеска доаѓа на европскиот континент, но нема да ги посети Скопје или Атина, туку Германија, Унгарија и Словачка.

За спорот вчера повторно се заинтересирала и германската канцеларка Ангела Меркел која телефонски на оваа тема разговарала со македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас. Нема детаљи за што точно било дискутирано.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми