Грчки нокаут за домаќинот
13 јуни 2004Добро расположение и големи надежи меѓу португалската публика ги одбележаа моментите пред и кратко по започнувањето на натпреварот во Порто , со кој беше отворено првенството.
"Португалија во финалето , Португалија го освојува купот. Португалците ќе бидат шампиони. Се надевам , но ќе биде многу тешко"-се приклучи кон надежите и португалската фудбалска легенда Еузебио .
Но студен туш уште во седмата минута.Водство на Грција по кое следува јалови напади на Португалците . Кратко по почетокот на второто полувреме уште еден гол за Грците за целосно изненадување:
"Комплименти , но нормално во прва линија за екипата -јас учествував само со совети. Од едни големи индивидуалци , тие со време прераснаа во еден вистински тим. Тоа и го видовте –кога еден за другиот трча со страст и срце" - изјави задоволно по натпреварот Ото Рехагл германскиот стручњак на кормилото на грчката репрезентација за кого велат дека придонел за дисциплината и тактичката подготвеност на традиционално пргавите Грци.
А токму дисциплинираната игра ги доведе Грците до недостижно водство од 2:0 и ги оневозможи португалците кои ја имаа иницијативата да создадат посериозни шанси. Почесниот гол го постигнаа во последните секунди од натпреварот.
Во вториот вчерашен меч истотака од групата А екипата на Шпанија беше подобра од Русија со 1:0. Денеска пак силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Франција и силната Англија , како и Хрватска и Швајцарија.