1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки средношколци протестираа против Преспанскиот договор

БГ /АФП
29 ноември 2018

Над една третина од средните училишта во Солун и околината се затворени поради повеќедневните протести на ученици против Преспанскиот договор. Властите се сомневаат во вмешаност на Златна Зора.

Griechenland Proteste Namensstreit mit Mazedonien in Thessaloniki
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/G. Papanikos

Предводени од коњаник наметнат со грчко знаме, околу 1.200 средношколци маршираа денеска низ Солун на протест против владините напори да му стават крај на тридеценискиот спор за името со Македонија. 
Демонстрантите вееја грчки знамиња, извикуваа слогани и истакнаа транспаренти против Македонија, но и против други две соседни земји- Албанија и Турција. 
Маршот заврши мирно, но околу стотина демонстранти кусо потоа почнаа да фрлаат камења кон полицијата која возврати со солзавец. Петмина демонстранти се уапсени.
Протестите против образовната политика на државата не се реткост во Грција, каде сите партии ги охрабруваат тинејџерите да бидат политички активни. 
Но денешните демонстрации, на кои им претходеа повеќедневни протести во средни училишта во северна Грција поради односите со Македонија, ги засилија грижите дека екстремната десница станува се повлијателна и меѓу тинејџерите. 
Неделава, министерот за образование Костас Гавроглу ја обвини про-нацистичката Златна Зора дека се обидува да „вбризга нацистички отров во тинејџерите“. 
Оваа партија отворено ги поддржа протестите, додека многу демонстранти користат слогани на Златна Зора. Но засега никој не е отворено посочен како организатор на протестите кои се шират преку социјалните мрежи. 
Властите велат дека тинејџерите затвориле 210 од вкупно 640 средни училишта во Солун и околината, некои и по неколку денови, протестирајќи против договорот за решавање на спорот за името со Македонија. 
„Јас протестирам затоа што не сакам да биде имплементиран договорот“, вели 17-годишниот Јоргос, кој го предводеше денешниот протест на коњ. „За среќа, нашите професори не поддржаа со тоа што не не заведуваат како отсутни од часовите“. 
Контра-протест на кој беше осуден солунскиот беше одржан од страна на околу 400 средношколци во Атина.

Протести во Солун против Преспанскиот договор, 29.11.2018Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/G. Papanikos

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми