1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Гувернерот на Флорида бара оставка од шефот на ФБИ

ЖА / агенции
17 февруари 2018

Масакрот во училиштето во Паркленд можеби можел да биде спречен. ФБИ призна дека уште во јануари добиле дојава, но не спровеле истрага. Гувернерот на Флорида бара одговорност од директорот на ФБИ.

Florida, Mann in Handschellen wird von der Polizei in der Nähe der Marjory Stoneman Douglas High School nach einem Schießereignis in Parkland geführt
Фотографија: Reuters

По тешките пропусти на истражните органи пред  масовното убиство кое се случи завчера (14.02) во средно училиште во Паркленд,  гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рок Скот, побара оставка од шефот на ФБИ, Кристофер Реј. Во вчера објавеното соопштение, републиканскиот сенатор истакна дека никакви извинувања не можат да ги вратат животите на 17-те загинати лица или да ја намалат болката на нивните најблиски. „Овие семејства целиот свој преостанат живот ќе се прашуваат како воопшто можело да се случи вакво нешто“, вели Скот.

Уште еден шок со масовно убиство во американско училиштеФотографија: Reuters/J. Drake

Претходно Федералното истражно биро призна дека добило дојава на 5. јануари, но не спровело истрага во врска со неа. Едно лице телефонски укажало на опасноста од подоцнежниот убиец Николас Круз, дека тој можеби планира напад врз училиште, опседнат е од оружје и сака да убие што поголем број луѓе. ФБИ соопшти дека повикот не бил натамошно проследен до локалната полиција и не била спроведена истрага во врска со него.

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изрази длабоко жалење и најави детална истрага.

„Потфрлувањето на ФБИ е неприфатливо, директорот мора да си поднесе оставка“, побара гувернерот на Флорида, Скот.

Николас Круз на 14. февруари, на Свети Валентин, изврши напад во своето поранешно училиште во Паркленд и уби 14 ученици и тројца возрасни луѓе, по што беше фатен и уапсен. Против него е подигнато обвинение, а напаѓачот го призна делото.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми