Гугл го „мириса“ воздухот
8 јуни 2017Реклама
Во периодот од мај 2015 до мај 2016 година Street View-возилата на Гугл, опремени со сензори кои детектират опасни материи во воздухот, како саѓи или азотни оксиди, возеле низ Оукленд, САД, и собирале податоци. Вообичаено, вакви податоци се собираат со помош на станици кои имаат одредена постојана локација, но возилата на Гугл се значително попрецизни, благодарение на мобилноста. Студијата, како што велат од Аклима, е пилот-проект кој во иднина би требало да се прошири.