Гугл крадел податоци во Белгија
17 ноември 2011![](https://static.dw.com/image/5436547_800.webp)
Реклама
Имено, автомобили на компанијата возеле низ неколку белгиски градови, со цел да направат тридимензионални кадри за програмот „Гугл Ерт“. Додека ги правеле снимките, автомобилите се логирале на отворени „Ви-Фи“ мрежи, преку кои корисниците разменувале информации, во најголем дел видео записи и електронска пошта. На овој начин во серверите на компанијата се наоѓаат и лични податоци на белгиски државјани.
Во соопштението се наведува дека тоа е кршење на законодавството на Белгија, за што „Гугл“ бил известен и откако не реагирал на одлуката да биде казнет, ја платил предвидената сума.Според медиумите,„Гугл“ ќе биде на сличен начин санкциониран и во соседните земји на Белгија.
Автор: БОМ / АТ / миа
Редактор: Александра Трајковска