1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Гугл“ ја купува „Моторола“

15 август 2011

Интернет-пребарувачот „Гугл“ денеска соопшти дека постигнал договор со американската компанија за производство на електронски уреди „Моторола“ за преземање на одделот за производство на мобилни телефони.

Зделката чини 12.5 милијарди долари и е досега најскапата во историјата на „Гугл.“ Со купувањето на „Моторола“, интернет-пребарувачот се надева дека ќе ја зацврсти позицијата на својот оперативен систем „Андроид“, кој во меѓувреме го користат повеќе производители на мобилни телефони и таблет-компјутери, меѓу кои и „Моторола.“

Договорот мора да биде одобрен од регулаторните власти, а двете страни се надеваат дека ќе ја заокружат трансакцијата до крајот на годината.

Пазарот на мобилна телефонија е еден од најбрзо растечките во светот, но и најдинамичен. Претходно годинава „Нокиа“ најави дека на долгорочен рок планира да се откаже од сопствениот оперативен систем „Симбиан“ и го почна процесот на премин кон „Виндоус фоун 7“ системот на „Мајкрософт.“ Првите уреди на „Нокиа“ со новиот оперативен систем се очекуваат кон крајот на годината.

Оперативниот систем „Андорид“ на „Гугл“, пак, минатата година забележа раст од 888,8 отсто и се најде на второ место, зад софтверот на „Нокиа“, иако во моментот течат многу судски процеси, кои го товарат „Гугл“ за плагијаторство и кражба на интелектуална сопственост.

Автор: ТТ/СН/дпа/макфакс

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми