1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

„Гугл ја презеде улогата на мајка ми“

Пенди Ашатош
4 септември 2018

Гугл е една од најголемите иновации на човештвото, присутен во речиси секој аспект од нашите животи. За 20-тиот роденден на интернет гигантот, ДВ разговараше со луѓе од различни професии-како Гугл им го променил животот.

Google Logo
Фотографија: Reuters/C. Platiau

„Гугл стана мојата прирачна енциклопедија“

Бач Барксдејл, професионалец од областа на финансиите, САД

Фотографија: privat

Додека бев тинејџер, една од омилените фрази на мајка ми беше - „Провери во Фанк и Вагналс." Таа вообичаено ми го кажуваше ова кога не го знаеше одговорот на некое од моите милион прашања, или пак сакаше да научам нешто самиот. И така ќе отидев до дневната соба да проверам во енциклопедијата во 26 тома за да го најдам одговорот. На толку многу книги, ние всушност имавме и парче мебел наменето специјално за нив!

Денес „го прашувам Гугл," исто како што тоа го прави и остатокот од светот поврзан на компјутер или смартфон. Некогаш чувствувам вина што го користам Гугл и си мислам дека треба малку да се потрудам за да се стекнам со знаењето. Исто мислам дека е важно умно да се користи Гугл, да знам дека е доверлив изворот, исто како што тоа го правев со енциклопедијата.

„Ме направи непоколеблива“

Шалини Наир, новинар во Кочи, Индија

Гугл животот ми го смени на два начини. Првиот е многу очигледен – придонесе базичното истражување за било да биде многу полесно.

Со оглед на тоа дека работам во медиуми, многу е важно да знаеш што се случува во светот и дкога ќе те пратат на неочекувана задача без претходна подготовка, Гугл помага да не испаднеш будала кога си на терен.

Фотографија: privat

Минатата недела на пример, во последен момент ме пратија на интервју со шпанската фудбалска ѕвезда Фернандо Моријантес. Се најдов таму без преведувач, а англискиот на играчот не беше ни приближно добар колку неговата умешност на теренот, така што успеав да извадам пристојна интеракција од 5 минути благодарение на употребата на Гугл.

Втората промена во мојот живот е повеќе од психолошка природа. Чудно е како почнуваме да се потпираме на таа алатка повеќе отколку на сопствената меморија или знаење. И кога тоа го сфатив, останав збунета. И тогаш одлучив дека за нештата што би требало да ги знам, како граматика или правопис, да одам по старите навики, а не веднаш да го консултирам Гугл. Во таа смисла Гугл ме направи непоколеблива. Мора некаде да ја повлечеш линијата, или еден ден ќе се најдам како гуглам „како се викам?"

Повеќе: 

Здравје: Подобро телелекар отколку д-р Гугл

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

„Знам повеќе за моите клиенти отколку нивните пријатели“

Стивен Криминс, адвокат во Вашингтон

Фотографија: Getty Images/B. Hoffman

Кога ќе добијам нов случај од Комисијата за безбедност и размена, која што е американски регулатор, почнувам прво со тоа што ги гуглам сите вклучени страни во трансакцијата од случајот. Тој плус на информации ми овозможува тактичка предност во однос на спротивната страна и ми дава ниво на репрезентација на мојот клиент кое пред 20 години сум можел да го достигнам само со ангажман на огромен и скапо платен тим.

Пред било кого да сретнам службено или на вкрстено испрашување на суд, Гугл за нив ми кажува повеќе отколку што нивните пријатели знаат за нив. Надвор од работата, Гугл ефективно ми служи како замена за голема библиотека за истражување спакувана во мојот смартфон, без разлика каде и да се наоѓам.

„Ме плаши“

Фред Мувунји, новинар од Руанда кој известува од Германија

Фотографија: DW

Гугл е водечка алатка за пребарување на интернет и многу ми беше корисна за мојата новинарска кариера. Ве снабдува со секаков вид информации кои еден човек тешко би можел да ги смести во својата глава. Гугл драјв е банка со податоци која овозможува постојан и лесен пристап до битни информации секогаш кога си онлајн. Гугл е банката на речиси сите текстови и сето знаење што е објавено онлајн.

Но да бидам искрен, тоа ме плаши. Гугл е како „пријател што мора да го имаш" и на кој мора да се потпра и да ги споделам со него сите мои тајни. Не знам кој стои зад него, но сум ги споделил сите мои битни податоци. Не можам да пристапам до дигиталните и комуникациските апликации ако немам поддршка од Гугл. Веќе и не памтам како нешто точно се пишува и најлошото од сѐ е дека ако нешто ми треба да дознаам, скоро и да не користам класични книги. Му се обраќам на чичко Гугл за помош.

„Гугл ја презеде улогата на мајка ми“

Карен Џонсон, учителка по англиски јазик во Вашингтон

Фотографија: privat

Кога растев, го гледав квиз-шоуто Џеопарди на телевизија со мајка ми, која возбудено ги довикуваше одговорите на прашањата на водителот. Јас ја имитирав мајка ми, но истовремено и бев сигурна дека таа секогаш ќе го знае одговорот на секое прашање што може да ми зададе мака.

Еден ден сфатив дека веќе немам никој во близина кој може да ми ги одговори прашањата. Никој. Кој ли ќе го знае одговорот? Тоа беше мојот најголем проблем и многу ме плашеше. Кого ли ќе може да прашам?

И потоа се појави Гугл. Сега сите проблематични прашања се "googlable." Ова не е информација што ќе ја добиете на Гугл, но повеќето мои прашања се.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми