1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гугл ќе произведува автомобил без управувач

БГ/ббц/макфакс28 мај 2014

Американската компанија Гугл ќе произведе автомобил без управувач, кој ќе биде целосно компјутерски контролиран

Фотографија: picture-alliance/dpa/Google

Планираниот двосед нема да се најде во комерцијална продажба, но Гугл се надева дека до овој период следната година околу 100 прототипови од ова возило ќе се најдат на патиштата, иако нема да се движат со голема брзина, максимум 40 километри на час. Погонот ќе биде електричен, а комплетното управување на возилото ќе се раководи софтверски. Возилото ќе користи комбинација од ласерски и радарски сензори како и податоци од камери за да се движи безбедно. Правецот на движење ќе се обезбедува преку системот „Гугл мапс“.

Производството на автомобили е природен чекор за Гугл, кој веќе помина стотици илјади километри во Калифорнија со автомобилите на Тојота, „лексус“ и „приус“, опремени со редица сензори и компјутери. Тие автомобили имаат „safety drivers“ во случај на потреба, а од новите автомобили тој систем ќе биде отстранет. Наместо управувач, сопирачки и педала за гас, најновите автомобили ќе имаат копчиња за стартување и запирање на возилото. Ова електрично возило ќе биде компактно и во облик на меур, за да се олесни движењето низ градските шпицови.

Најголема пречка за Гугл би можел да биде законот, а тест верзијата ќе има управувач и педали, во согласност со прописите во Калифорнија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми