1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Гутереш се надева на вакцина за Ковид-19 до крајот на 2020

СН/дв
16 април 2020

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека сигурна и ефикасна вакцина против коронавирусот можеби е единственото средство кое светот би го вратило во „нормала“.

Symbolbild Corona-Virus Impfstoff
Фотографија: picture-alliance/dpa/Geisler-Fotopress

Првиот човек на Светската организација изрази надеж оти до крајот на 2020 година  ќе биде на располагање вакцина за новиот коронавирус.

 „Таква вакцина би спасила милиони животи и безброј милјијарди долари“, изјави доцна синоќа Гутереш за време на видео конференцијата со претставниците на околу 50 африкански земји.

Генералниот секретар на ОН се заложи за забрзан развој на вакцина која би била достапна за сите и додаде дека таа би требало да биде „универзална“ и да овозможи контрола на пандемијата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио ГутерешФотографија: picture-alliance/Kyodo

Повеќе:

-Дали коронавирусот ќе ги пишмани анти-ваксерите?

-Фон дер Лајен се надева на вакцина за коронавирус до наесен

-РКИ: Вакцина против коронавирусот е реално да се очекува наредната пролет

Според неговите зборови, неопходни се „амбициозни напори“ кои би гарантирале усогласен пристап за да се забрза постапката за производство на универзална вакцина до крајот на 2020 година.

Гутереш на африканските претставници им рече дека Светската здравствена организација успеала да опреми некои африкански земји со тестови за откривање на коронавирусот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми