1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

041111 G20 Gipfelabschluss

4 ноември 2011

Со препораки за подобра контрола на финансиските пазари и зајакнување на земјите во подем, во Кан заврши самитот на Г20. Неговото одржување помина во сенка на грчката должничка криза.

Cannes G20 Gipfel Frankreich Gruppenbild
Фотографија: dapd

Грција е ставена под масивен притисок и мора да чека на свежи пари од европскиот фонд за спасување, додека не ги прифати бриселските заклучоци. Германско-францускиот тандем, Меркел и Саркози, му демонстрираа сила на грчкиот премиер Јоргос Папндреу и затоа добија пофалби и признание од своите глобални партнери од Г20. Со хектичкиот кризен менаџмент одвај беше избегната бламажа во кругот на Г20 поради грчките турбуленции.

Италијанските ветувања

Самитот на Г20 со ретка одлучност се изјасни против напади на финансиските пазари врз другите задолжени држави, како Италија. Во иднина, таа ќе треба да биде подложена на контрола на ММФ. Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека на самитот во Кан постојано била потенцирана важноста на довербата, дотолку е попозитивно примена подготвеноста на Рим да биде под мониторинг на ЕК и ММФ.

Освен тоа, Италија се обврза до 2013 година да поднесе „речиси избалансиран“ буџет. ММФ ќе стави на располагање краткорочни кредити, за да ги заштити државите-должнички од финансиската криза.

Силвио Берлускони-тешки денови за ИталијаФотографија: dapd

Земјите во подем со зголемена одговорност

Државите во засилен економски развој како Кина, Индија и Бразил од самитот излегоа значително зајакнати. Г20 планираат среднорочно таков монетарен систем кој подобро ќе ја отсликува тежината на овие земји.

„Сведоци сме на натамошен развој на меѓународниот монетарен систем, во кој улога ќе играат во иднина повеќе валути“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во кан. Кина од своја страна се обврза на пофлексибилно водење на својата монетарна политика.

Построго регулирање на финансиските пазари

Министрите за финансии на Г20 во врска со посакуваната построга контрола на финансиските пазари добија налог до пролет да достават план за засилено контролирање на т.н. банки во сенка. Тука спаѓаат и зделките со хеџ фондовите, кои треба да бидат контролирани исто како и банките. Банките воопшто треба да се подготват на засилен надзор, непосредно пред самитот беше направена листа од 29 системски релевантни банки, меѓу нив и Дојче банк и Комерцбанк, кои во случај на банкрот, според Меркел, ќе бидат така преструктуирани, што за нив да не мора да плаќаат граѓаните како даночни обврзници“. Меркел ова го означи за голема добивка во нејзиното завршно обраќање.

Разочарување кај организациите за помош и развој

Во иднина треба да бидат ограничени и шпекулациите со прехранбени производи и суровини. На глобално ниво треба да бидат воведени т.н. позициски лимити кај шпекулативните зделки. Тие треба да спречат настанување заканувачки спирали на цените на прехранбените производи преку со шпекулациите вештачки предизвиканите недостатоци.

Во западна Африка Г20 планираат пилот-проект за складирање резерви од храна заради превенирање кризи со глад. Претставниците на хуманитарните организации сепак се разочарани од самитот, оценувајќи дека донесе само мали напредоци, но не и очекуваниот завршен удар за шпекулациите со прехранбените производи.

Нема речиси никаков напредок во воведувањето данок на финансиски трансакции, на што инсистрираа Германија и Франција. На американски предлог, треба да се провери можноста за учество на банките во глобалната финансиска криза преку нивни посебни давачки и осигурувања.

Автор: Даниел Шешкевиц/Ж.Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми